Маја Панчева е прекрасна дама која ја паметиме по одличните и огромни хитови назад во 90 – тите. Шармантната Маја Гроздановска Панчева беше дел од нашиот проектот „40 – тите се новите 20 – ти” на сајтот Фешнел.мк уште еднаш докажа дека е една прекрасна дама, со многу љубов во себе.
Таа е подеднакво енергична и забавна како од времето на „Мачка со девет животи”. За себе денеска ќе каже дека е целосно исполнета, времето најмногу сака да го поминува со сопругот Дарко и нејзините прекрасни ќерки Марија и Надица.
Мислам дека изреката „Човекот учи додека е жив” е точна, но однесувањето и одлуките кои се носат во животот, секако дека зависат многу и од домашното воспитување.
Научив дека треба да си позитивен, да почитуваш и секако дека тоа луѓето ќе знаат да го ценат. Прави секогаш добро, а лошо никогаш.
Свесна сум дека годините си врват, но никогаш досега тоа не ме оптоварувало. Знам дека староста треба да биде дел од животот на секој човек и спремна сум тоа да го прифатам.
Сите овие три работи одат заедно и јас ги сакам подеднакво. Но, сепак, и пред 40 – тата повеќе време им посветувам на децата и семејството.
Јас лично немам ништо против, секој што има желба да корегира нешто на себе, доколку тоа го прави среќен, тоа лично не ми пречи. А да бидам искрена, досега не сум размислувала на таа тема кога сум јас во прашање.
И досега, од тоа што го правев сум задоволна и не би менувала нешто многу, би продолжила со истиот начин на живот.
Мислам дека секој човек во себе го носи детето и има моменти кога тоа и го покажува. Во зависност од ситуацијата, секој од нас го покажува тоа на различен начин и имало моменти кога и јас сум се радувала и постапувала како дете.
Тоа што си веќе созреан како личност, тоа што си веќе родител те прави да размислуваш на поинаков начин, а бидејќи го поминав периодот кога бев помлада, со задоволство се сеќавам на познатата поговорка: „Годините да ти ги имам, ама паметот да ти го немам”.
Сигурно дека кога си помлад, си поамбициозен, сакаш да го освоиш светот и мислиш дека сѐ можеш. Веќе во овие години си многу посталожен, реализиран и состојбите ги гледаш поинаку.
Но, амбициите, барем кога сум јас во прашање ми се секогаш големи и желбата да творам во музиката ни најмалку не е згасната.
Мислам дека секој има свои желби и се труди да ги реализира и на крајот секој од нас си знае колку е задоволен од постигнатото. Секогаш се може повеќе, тоа сите го знаеме, но сепак можам да бидам задоволна од досегашното.
Но, како што веќе реков, музиката не знае за граници и мислам дека и понатаму ќе творам со голема енергија“, изјавила Маја за Фешнел.
Маја не многу често објавува слики од своката приватност на социјалните мрежи, но на Фејсбук профилот на Маја се појавија слики од неа и од ќерката Надица, во друштво на пријателка пред неколку месеци, кога уште беше лето.
На сликата, Маја и Надица изгледаат како да се другарки, а не како мајка и ќерка.
На друга слика пак, Маја во друштво на ќерка си и на пријатели ужива во летото.
Се разладува во базенот во својот дом со коктели и овошје, а нивната куќа е убава и вкусно уредена, за што е секако заслужно целото семејство Панчеви.