Пејачката Лепа Брена неодамна ја тестираше издржливоста на своите хулахопки „Lady B“ и со вирално видео предизвика голем интерес на социјалните мрежи.
Имено, Брена сакала да покаже дека нејзините чорапи се непробојни, односно дека не се лесни за кинење – а за потребите на својот експеримент земала ананас и го пикала во хулахопките.
Потоа го пуштила ананасот да виси во чорапот, а потоа почнала да ги врти чорапите во круг.
Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а луѓето не престануваат да се шегуваат на сметка на Брена, но се воодушевени и од издржливоста на нејзиниот производ.
Слично на Брена и нашата пејачка Ирена Спасовска заопочна да рекламира модел на хулахопки за кои што меѓу другото напиша:
Драги пријателки.Сакам со вас да споделам еден проблем и едно решение за истиот.Поради природата на мојата работа почнав да чувствувам отежнатост во нозете.
Секако Веднаш се консултирав со доктор специјалист кој ми кажа дека е тој проблем се јавува кај над 30% од луѓето. Причина за тоа е внатрешната промена на вените,а таа се појавува како последица на долгото стоење и носење високи потпетици.
Едно од најефикасните решенија е носењето на чорапи или хулахопки со градуирана компресија.
А, инаку склопот на гости во емисијата на Снеже Велков неодамна, „Нешто конкретно“, создаде навистина пријатна атмосфера, а богами и ги опушти самите тие да зборуваат за приватните животи.
Па така слушнавме дека Ирена Спасовска не е многу активна во полето на љубовта, односно таа не бара партнер сама туку чека да дојде некој што смета дека може неа да ја освои.
Ирена Спасовска за себеси вели дека по природа е борец, и работи од својата 16-та година. „Како самохрана мајка овие години за мене и Тамара се трудам да обезбедам пристоен живот“, изјавила пејачката на 22 годишната ќерка која е 30 години на естрадата.
Ирена вели дека секогаш кога оди надвор од Македонија, тоа е преубав спој на работа и прошетка, а шопингот е неизбежен.
-Да, има попусти на одредени работи но јас за што се фатив баш тоа немаше попуст хаха.. Си купив неколку парчиња и секогаш гледам да бидат квалитетни, удобни и функционални.
Одамна не се лажам по попусти бидејки тогаш човек купува и што му треба и не треба. Присталица сум на две или три парчиња квалитетни и да знам дека ќе ги носам“, кажа Ирена во една прилика, кога ја посетила Италија.
Ирена објави незини слики од Охрид, како- како што вели ужива за сите сетила. Таа си одмара покрај езеро, ама си го корусти времето и за да ужива и во спа центаррот на познатиот хотел во Охрид.
Оваа наша позната пејачка секако знае како на вистински начин и максимално да го користи секој слободен момент како вистински хедонист.
А ова секако доаѓа по настапите кои редовно ги има во овој период, а за што секогаш ги информира нејзините следбеници.