Naslovna Zivot Владо Јаневски вљубен и среќен- се појави ретка слика од едно време...

Владо Јаневски вљубен и среќен- се појави ретка слика од едно време со неговата најголема љубов

Владо Јаневски, како еден од нашите најпознати пејачи кои со години трае на нашето естрадно небо, и околу него секогаш се крева прашина, зборуваше за најголемите трачеви кои за него се измислени во емисијата на Жаре, Еден на еден во една прилика.

Владо зборуваше и за тоа дека на Тоше му ја напишал една од убавите песни, Полско цвеќе, и рече дека тогаш напишал тажен текст, но без никакво претчувство. Но исто така раскажа и зошто отишол во Русија во екот на неговата најголема популарност.

-Јас не отидов таму да градам кариера. Јас пеев по најголемите казина во Москва, руски, англсики, италијанки песни.

Отидов затоа што добив неверојатно добра понуда, откако пеев на фестивали во Белорусија. Си го потпишав догворот, банковното салдо ми рече: Спасиба Владимир. Летаа долари.

Имав девојка таму. Потоа дојде Евровизија и поради лошата состојба во Русија, јас решив да се вратам“ рекол Владо Јаневски меѓудругото.

Сигурно си рековте не одете кај тој пејач, тој не дава интервјуа“, вака Владо Јаневски ја започна прес-конференцијата за промоција на новиот спот на песната „Ајде, води ме“ во 2016 година кога по 15 години го прекина медиумискиот молк.

Владо Јаневски во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ неколкупати досега има изјавено дека генерално слабо се дружи со луѓе, научил да му биде забавно сам со себе, а неговата куќа ја вика тврдина.

Jаневски е познат по тоа што пишува најубави љубовни стихови. За своите песни, тој вели дека се автобиграфски и секоја од нив има некоја своја приказна. Тој сега често дава интервју а за тој за Женски магазин изјави:

Секоја песна мора да има своја почетна мисла поврзана со личност или настан, милион идеи треперат во воздухот секој ден и околу секого.

Прашање е само на чие рамо ќе слета инспирацијата и дали сопственикот на рамото ќе је препознае како вредна за од неа да се роди нешто вредно.

Мене тоа ми се случи едно неделно попладне крај Треска при еден излет на Матка…И, ете песна. Се кријам во мојата куќа во Чаир која ја претворив во мала тврдина за никој да не ми пречи.

Всушност, другите ја викаат тврдина бидејќи има електрични капии, безбедносни камери и слично, ама јас си ја викам оаза.

Тука ми е најубаво, бидејќи одамна научив да ми биде забавно самиот со себе“, рекол Јаневски, но тој сега има нов дом, а тоа е Гевгелија, и во Канал 5 тој открил за оваа негова преселба.

„Можеби не се случува нешто многу околу мене, живеам еден мирен, многу спокоен живот, не е ни од далку бруно како што луѓето замислуваат, ниту гламурозно- кој знае како си го тераат животот ова пејачиве…

Воопшто не е така. Јас барем обожавам така да живеам, мирно спокојно.

Затоа и се преселив во Гевгелија, таму ми е многу спокојно, четири брзини поспоро него во Скопје. Мислев дека ќе ми биде убаво, не знаев дека до толку ќе ми биде убаво.

Штом отидам во некој друг град на концерт, прва мисла ми е-назад во Гевгелија, не ми е назад во Скопје, и веќе во глава ми дојде по дифолт, да си вртам десно за Гевгелија. Не толку што е потопло, толку е мирно, луѓето се кротки, тоа ми одговара.

Не дека има нешто многу пријатели, не дека некој многу бурен живот имам, ама токму она што ми треба, еден спокоен, мирен живот, којшто е спротивност од шоу бизнисот.

Значи ако шоу бизнисот е брзо, лудо, бучно, интензивно, Гевгелија е се што не е, Гевгелија е се обратно.

Мирно тивко, и токму тоа ми треба за баланс“, рече Владо и потоа раскажа како ги пишува неговите песни. Рече дека ако е дома на пијано, а ако е во движење, бара гитара за да го забележи тоа што го напишал. „Кога си во движење, тешко е да дојдеш до клавир.

За среќа, во хотелот Фламинго во Гевгелија има клавир. Јас немам во станот во Гевгелија клавор, ама во хотелот во Фламинго има клавир, на кој што со дозвола, од време на време можам некоја идеја да запишам, а една гитара сигурно дека секогаш има кај мене“, рекол Јаневски.

Радио Бубамара во една прилика објави слики од публиката на манифестацијата Златна бубамара на популарноста низ годините, а меѓу нив е и слика од Владо Јаневски и од неговата некогашна љубов Вера Велевска која му била и менаџер своевремено.

За Владо беше познато дека долги години беше во врска со Вера Велевска, која му беше и менаџерка и се грижеше за секој детаљ од неговата кариера. Пред десетина години, Вера ја напушти Македонија.

Таа се пресели во Австралија, каде што како што тогашните медиуми пишуваа, долги години живеат нејзините деца и таа замина да живее кај нив. Вера е сега во Сиднеј, и според она што таа го има објавено на социјалните мрежи, очигледно е дека има нова љубов.

Велевска има објавено фотографиja од нејзиниот партнер, со кои ужива поминувајќи го секој слободен миг на плажа“, објави Галама пред извесно време. Откако не е со Вера, за Владо не се знае дали е во љубовна врска или не а тој постојано изјавува дека му е убаво сам.