Naslovna Zivot Весна Бејби си ја отвори душата за љубовта: Ме бакна пред сите,...

Весна Бејби си ја отвори душата за љубовта: Ме бакна пред сите, сретнав лик кој ми ја разбуди потребата, кој ме натера да засакам маж

Весна Петрушевска е горда мајка на две деца, Кирил и Мина и честопати има раскажано колку ѝ е важно времето поминато со нејзините деца.

Синот на Весна, Кирил Тренкоски, во летотот во 2021 година замина во Америка кај својот татко Јанко Тренкоски. Кирил сега живее во Хјустон и таму ќе продолжи со студии.

Весна Бејби Петрушевска во емисијата Магазин на Сител зборуваше за својата актерска школа и за ангажманите кои ги имаат децата, младите актери од школата.

– Тие веќе имаат зад себе претстави, кратки филмчиња, спотови, еве, се појавуваат во новиот спот на Влатко Лозаноски“, рече Весна и додаде дека таа е доста ангажирана да ги изведе децата на вистински пат.

Потоа, се зборуваше за она што беше и остана нејзино ТВ облежје, а тоа е емисијата „Вртелешка“, која долги години се емитуваше. Кога водителката ја праша зошто веќе не е дел од македонскиот ТВ етер, Весна рече:

– Знаеш како, Балашевиќ има кажано една добра работа. Едните ме забранија, другите ме заборавија. Искрено, шансите си ги создаваш сам.

Мислам дека за еден тако ТВ водител со еден таков габарот како што имам јас, треба телевизија некоја да ти се јави да ти понуди проект.

Тоа се работи стратешки. Има некои обиди, прават некои ток шоуа, но тоа не е добро. Нема авторство, нема иденитет, нема контент.

Имам впечаток дека не се подготвуваат кога тоа го прават, а не можеш да на телевизија да излезеш неподготвен.

Јас знаеш што би водела? Некој квиз со франшиза или некое утринско шоу. Тоа мене ме интересира. А многу скоро ќе почнам да кревам друг телевизиски формат, но ќе сум зад камерите“, најави Весна.

Таа рече дека речиси сите значајни личности ѝ биле гости во емисијата освен Влатко Стефановски, затоа што не можеле да се погодат со термини.

„И се сеќавам , кога правевеме 100 највлијателни, требаше да дојде Заев, ама имаше некоја сообра -ќајка и не дојде“, изјави Весна Бејби.

Потоа, за Весна зборуваше нејзината пријателка Вики која ѝ е другарка 25 години. „Јас Весна ја запознав пред 25 години на „Глумците пеат“, тогаш настапуваше со Дарио, и потоа случајно се најдовме во еден кафич, си разменивме телефони и се договоривме да се видиме.

Ми се јави на мојот роденден, и јас тогаш ѝ реков да дојде на роденден. Таа дојде со Тони Михајловски, и од таа вечер сме неразведли. Ние сме другарки и јас сакам да кажам дека таа ми е третата сестра. Како би ја опишала Весна, со еден збор: Таа е многу добар човек.

Ако сакате да ја изненадите Весна тоа ќе го направите со добар парфем и со убави наочари. Таа се бори против непр-авдите на децата, зборува на социјалните медиуми, кај ќе ја повикаат, се бори за правото на детето.

Нејзе децата ја обожаваат, во актерската школа ја гледаат како Господ. Весна е човек којшто е тешко да ја извлечеш од дома.

Ама кога ќе ја извлечеш, тешко и да се прибереш, кога сме биле млади, ќе се приберевме рано наутро“, рече Вики

Весна Петрушевска, во еден период од својот живот си ја отвори душата, а во нејзината книга меѓудругото напиша:

– Што се случува кога ќе сретнете човек сосем случајно, доцна во ноќта, дружејќи се со непознати околу себе, кога сите имаат по некој дома што ги чека… о, да зборувам за среќно оженетите.

Си дадов збор дека никогаш нема да се впуштам во таква авантура, не поради него, туку поради таа некоја негова која тој ја повредува бескомпромисно опрадувајќи ги своите постапки, како криза на 40-тите години.

Издржав пет години, и тогаш, една ноќ, сосема случајно, сретнав лик кој ми ја разбуди потребата, кој ме натера да засакам маж. Не знаев ништо за него… Мислам, го знаев од град…

Ми годеше секој негов поглед, секој негов супителн допир. Неговите другари, кои седеа како дедовци на пара стос, беа со подзинати усти, и верувам дека кришно му ракоплескаа. Не сум се бакнала на јавно место повеќе од 5-6 години…

Ме бакна пред сите, се здрвив. Мислев дека не смеам тоа да го правам, не ми доликува, мајка сум, внимавам на себе, на својата приватност, интимност. Знаев дека ми ја ори душата со самата помисла дека може да ме добие, да ме има…

Ми поминале многу машки ликови пред очите, но таков поглед…., не се сретнува секој ден. Само бев љубопитна, и ја загубив главата во тие мигови. Не ме праша, само ме допираше и уживав.

Му дозволив да ме сака… Ме гледаше цела вечер како да имаше потреба да не престане да ме гледа… Некаде околу шест часот му заѕвони телефонот. Кој може да го бара во тоа време, освен жената со која има деца и среќен брак?!

Се сетив на моите јавувања во тие луди рани часови кон бившиот. Не и креваше слушалка, или пак кога ќе ми кренеше, се смееше задоволно со изговор дека ќе си дојде многу скоро… Се сетив на мојот безутешен очај…“

Ова е дел книгата „Трофеј“ која Весна Петрушевска ја издаде во 2016 година, која е всушност нејзината автобиграфија и емотивна исповед. Меѓу другите приказни, стои и оваа чиј дел е објавен погоре.