Naslovna Zivot Вака изгледа сега Елена Митева, водителката која му беше советничка на Заев-...

Вака изгледа сега Елена Митева, водителката која му беше советничка на Заев- на фото модел личи (ФОТО)

Елена Митева до 2019 година ја водеше утринската емисија на телевизијата Телма, за набргу да влезе во нова улога – владина водителка. Со стартот на пандемијата таа снимаше интервјуа со министрите кои се емитуваа во живо на владините социјални мрежи.

Од први јануари во 2021 година и формално беше вработена како советник на тогашниот премиеро Зоран Заев. Таа за себеси рече дека е вистинскиот човек на вистинското место.

Нејзиното работно искуство вклучуваше и други проекти на телевизиите како Сител. Првата работа во политика на Митева и беше водителството.

Потоа,  за време на пандемијата Владата ја ангажираше хонорарно за да води емисии со министрите во владата. Истите се стримуваа на социјалните мрежи.

На страницата на Владата може да се прочита нејзината плата и називот на функцијата: Советник за организација на медиумски настани“, објави порталот irl.mk на почетокот од 2021 година.

Во летото во 2019 година, на Фејсбук профилот на Утринска на Телма се појави вест дека програмата веќе нема да се емитува, со емотивен статус.

„Со најтажно срце поради вас, нас, нашата љубов и конекција која ја создадовме единствено со душа и целосно уживање, мораме да соопштиме.

Најдраги наши пријатели, другари, почитувачи на нашата работа и на сето тоа што го правевме во изминатите 3 години сакаме да ве известиме дека ‘Утринска на Телма’ од септември нема да оди во етерот“, напишаа тие.

Потоа, тимот се раздели на две дела, Цеце и Марко водеа една емисија, а Гоце и Елена друга. Потоа, Гоце и Елена заминаа сосема други работни места, Елена Митева е во Владата, а Гоце Андреевски е портпарол во МВР.

Во Телма се уште остана како ангажиран Марко Марк, додека пак Цеце се повлече од разбирливи причини, таа очекуваше бебе, а сега новата Утринска прграма пак ја водат Марко и Цеце.

Инаку, таа му беше сопруга на актерот Висар Вишка, со кој се разведе во 2017 година. Иако подолго време се зборуваше дека се разделени, сепак, двојката не сакаше да коментира на оваа тема“, објави Репортер.

Елена и Висар имаат син, а тој минатата година доби уште една ќерка. Тој објави фотографија од партнерката и новородената ќерка Хана, со зборовите дека тоа се девојките на неговиот живот“, објави Фокус лани.

Хана се родила во Белград, а кога е приватниот живот во прашање, Висар секогаш се трудел да ја чува интимата подалеку од очите на јавноста.

Така, за неговата партнерка, од која има објавено неколку фотографии во минатото, јавноста не знае речиси ништо.

И за бракот со Митева, кој траеше од 2012 година до 2017, ретко откриваше детали. Веста дека се разведени ја потврди за медиумите во 2018 година, појаснувајќи дека не се заедно цела година, но останале пријатели, бидејќи среќата и насмевката на синот им биле најважни.

-Не сме заедно подолго време, но тивко, без кревање на врева, како што и си го држевме приватниот живот само за нас, беше неговата единствена изјава по повод разделбата со сопругата, дадена за медиумите. Тој инаку е вработен во МНТ.

Елена на својата нова Фејсбук слика изгледа топ, како да е профи модел, со убава шминка и фризура, и се гледа дека оваа млада дама и тоа како се негува и се грижи за својот изглед.