Бигорскиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј (Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола, во македонско православно семејство, коешто ревносно ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух.
Уште од најрано детство задоен со силна љубов кон Бога, го започнува својот духовен пат, најнапред во средното богословско училиште „Свети Климент Охридски“ во Драчево, Скопје.
Потоа, воден од жедта за поголеми духовни знаења, го завршува и истоимениот Православен богословски факултет во Скопје, со дипломска тема посветена на Свети Јован Претеча и Крстител.
Отец Партениј е замонашен на 5 август 1995 година, во навечерието на споменот на Светата Великомаченица Христина, од страна на митрополитот г. Тимотеј.
Веќе следниот ден по примањето на монашкиот потстриг, ракоположен е за јероѓакон, а истата година, на 9 август, во охридскиот храм на Пресвета Богородица Перивлепта – и за јеромонах.
Следната година, на празникот Рождество на Свети Јован Крстител, е ракопроизведен за игумен, а во 1998 година е одликуван со граден крст, со архимандритско достоинство.
Познато е дека голем верник е поп-пејачот Димитар Андоновски од Битола. Благодарение на отецот Партениј, кој му е духовен водач, музичарот и пејач Димитар Андоновски, длабински ја запознал верата и го пронашол вистинскиот Бог во своето срце.
Се променил, созреал како личност и станал подобар човек“, објави Женски магазин во една прилика, а Димитар во ова интервју за својот духовен водач има изјавено:
– Мојата првата посета во манстирите Св.Јован Крстител-Бигорски“ и Св.Георгиј во Рајчица беше случајна, по иницијатива на мојот драг колега Ламбе Алабаковски. Тој често беше присутен таму.
Речиси секој викенд преноќуваше во Бигорскиот манастир. На почеток ми беше малку чудно и често се прашував себеси, што е тоа што толку силно го влече токму за Бигорскиот манастир.
Дали тоа е поради светињата, убавината на манастирот, љубовта на монасите кон мирјаните. Или поради отецот Партениј, кој тогаш го знаев само по неговите дела и мисија и од раскажувањата на луѓето.
И така, на ден Крстовден 2011 година се одлучив да тргнам со Ламбе на манастирската слава во манастирот Св.Георгиј во Рајчица. На тој ден за прв пат се запознав и со отецот Партениј кој не покани да останеме на вечерно бдение за празникот.
Така започна се. После ова бдение се разгори уште посилно желбата кон Бог. Кога се вратив дома, цела недела бев под преголема импресија и восхит.
Со возбуда им раскажував на луѓето за манастирот, за благодетта што ја доживеав, за отецот и за сè што ми се случи таму.
Тоа и беше пресудно и да продолжам да го посетувам Бигорски и манастирите. Денес Бигорскиот манастир е мојот втор дом, отецот е мојот духовен Татко, а братството и сестринството се мојата фамилија.
Отец Партениј, има посебно место во моето срце.Тој за мене, а и за многумина е посебен, човек филантроп.Тој носи голем крст и прави голема мисија која многу е значајна за нашата земја.
Тој буквално е мојата замена за татко како мој духовен водач. За мене отец Партениј е ниво над другите луѓе во поглед на дејствувањето, размислувањата и делата.Верувајте дека и голем дел од верниците доѓаат да го посетат отецот лично.
Bидејки токму од него добиваат духовна поддршка,пронаоѓаат вистински духовен раководител,,човек со различни вредности и перцепции. И затоа несомнено е што и самиот Бог благословил отец Партениј да стане духовен раководител на толпа луѓе од сите краеви на Македонија“, рекол Димитар.
На големиот празник Богојавление, тој објави слика со отец Партнеиј и на својот Фејсбук профил напиша мислење за човекот за киј претходно рече дека му е замена за татко, зашто Димитар рано останал без татко му.
– Отец Партениј за мене е пример како еден духовник треба пожртвовано да му служи на Бога и да биде молитвено помеѓу верниците и во црквата. Не сакам ни да судам ниту имам такво право само знам дека неможе никој да ми го смени мислењето за отецот Партениј и монаштвото.
Сите коментари и сите муабети паѓаат во вода. Нека судат делата а не зборовите.Господ нека дава сила да се пребродат сите искушенија и нека дава мир помеѓу луѓето .Бог се јави“, напиша димитар на Фејсбук.