Тамара во една прилика откри дека е многу талентирана за сликарство, и како мала имала добиено награди на натпревари по цртање, па се пошегува на нејзина сметка: „Сигурно сум била втора“.
Раскажа и дека имала свои изложби, и сега на своите деца сака да им пренесе љубовта кон цртањето.
Потоа муабетот ги наведе на еден од најголемите нејзини хитови, можеби и најголемот „Тажна љубов, среќна песна“.
„Велат дека хитовите се прават еднаш во десет години. „Тажна љубов, среќна песна“ беше во 2014, и имав уште некое време да стигнам до уште некој таков хит. Жал ми е што не направив спот, не знам што размислував тогаш.
Не дека не ми е омилена, предосадна ми е. Не можам да ја слушам. Ја имам препеано и ми е дојдена преку глава, ама далеку од тоа дека јас не ја сакам.
Сите мои песни си ги сакам, но дали дека ми е преслушана, кога ќе ми кажат за „Тажна љубов“, превртувам со очи, и викам- аман више со таа песна“, изјави пејачката.
Тамара исто така минатата година на Инстаграм одговараше на прашањата на своите фанови, и напиша дека тоа го прави додека чека резултати од тестот за вирусот. Пејачката искрено кажа дека има симптоми.
Ајде малце да се подружиме дур чекам резултати, напиша пејачката. „Како успеваш да си ги поделиш обврските со оглед дека си јавна личност?“, ја праша еден од фановите. „Со добра организација на времето, сè се може.
Животно мото, ја праша еден од фановите: Биди кул и ждригај, одговори Тамара со смајли.
На крајот, таа ги објави резултатите дека е позитина на вирусот и рече: Ајде нека е честито. Се гледаме за две недели!
Да потсетиме, пред година и пол, со многу емоции и енергија кои несебично ги даде на сцената во Охрид, Тамара Тодевска го одржа својот прв концерт во Античкиот театар и со тоа си го оствари детскиот сон.
-Го сакам ова место, од дете сонувам да пеам овде“, откри Тамара на почетокот. Уште многу нејзини лични приказни следеа помеѓу песните. „Немирна“ ја инспирираше да раскаже една од нив.
-Кога бев мала, бев многу немирна. Прво бев развигорче, па ветер, па кога бев тинејџерка бев бура, и пред да станам цунами…
Се појави Мачка- дофрли некој од пријателите од публиката, мислејќи на нејзиниот сопруг Александар Димитровски.
„Се појави Мачка. Мачка се прави ѕвезда, го окупира купатилото, две деца вриштат дома, јас си редам евергрини. Јас сум многу среќна“, рече Тамара низ насмевка, а пренесе Женски Магазин.
Тамара и Мачка очигледно биле многу среќни заедно, како што наведе Тамара, но сепак патот ги однел на различни страни. Најважно од сѐ е тоа што двајцата останале во добри односи, заради децата.
Таа како горда и посветена мајка зборуваше и за своите деца, ќерката Хана и синчето, Дарен и кажа кои карактеристики ги забележува кај нив.
-Хана е родена пејачка. Кога ја гледам неа, се гледам и себеси. Има голема самодоверба и не се плаши да го каже тоа што го мисли.
Како мајка јас само сакам Хана да биде среќна и да верува во себе. Самата ќе си одлучи што сака да биде во животот.
Дарен е многу посмирен од Хана. Уште е премал за да видиме кои таленти ги има наследено, дали оние од тато или оние од мама.
Моите деца се светлината во мојот живот и бескрајно сум благодарна што ја имам можноста да бидам мајка. Јас уживам во секој момент поминат со нив и факт е дека ме направија подобра личност“, рече Тамара.
Тамара е секогаш насмеана и е една доста позитивна личност, и иако пред извесно време рече потврди дека се разделува од сопругот Мачка, со кого поради децата ќе остане во добра комуникација, таа кажа дека годината што изминува, по добро ќе ја памети.
Инаку, Тамара останала навистина во добри односи со поранешниот сопруг, а доста медиуми ја објавија сликата каде што тие двајца заедно го прославија роденденот на нивниот син Дарен.
Се сликаа сите семејно, на роденденската прослава на Дарен, на која имало суперхерои за малиот славеник и присуствувале доста нивни пријатели.
Тамара често на својот профил споделува мудри цитати, а во последно време може да се забележи дека објавува и слики поврзани со карактеристики на хороскопските знаци.
Тамара е родена на 1 јуни и во хороскоп припаѓа на знакот Близнаци. Таа на своето стори објави слика со нејзиниот знак каде што пишуваше:
– Моето преразмислување не е залудно. Многупати сум била во право за она што сум го преразмислувала, стои на фотографијата, а Тамара очигледно се сочувствува со напишаното.