Naslovna Zivot Сопругата на Миле Кузмановски искрено ја раскажа целата нивна љубовна приказна- како...

Сопругата на Миле Кузмановски искрено ја раскажа целата нивна љубовна приказна- како се запознале и како успеале да останат заедно и покрај се

Миле Кузмановски е еден од нашите најпознати фолк пејачи, пејач со одличен глас, човек кој знае да направи штиминг на неговите настапи.

Сепак, тој е најпознат по баладите, и некои го нарекуваат кралот на баладите. Најпозната негова песна која е избрана за песна на векот е секако „Не кани ме“, без која не поминува ниту една седенка или прослава.

Но, „Не кани ме“м не е единствениот хит на Миле, ,,Крал без круна”, ,,Роман”, ,,Презиме” и многу други љубовни песни кои ги отпеал во изминатите години, станаа евергрини.

Во една прилика, во интервју за ,,Фокус” пејачот раскажа дека започнал со снимање на материјали кои ќе се најдат на неговиот нов албум.

-Последниот албум ,,Крал без круна” го снимив пред пред околу седум години и задоволен сум од реакциите, од тоа што песните останаа да живеат. Обично, не сакам да коментирам во јавност пред некоја работа целосно да се заврши, но да, снимам нов албум.

Сега, на новите материјали исто така работам со одлична екипа, голем дел од авторите на песните се млади и надежни луѓе, значи со млади сили одам напред.

Ќе има неколку балади, кои се неизоставен дел од мојот репертоар, но и побрзи, весели песни.

Најверојатно, десет, можеби и повеќе ќе се најдат на албумот. Едвај чекам да влезам во студио, ќе започнеме со снимање на спот за една од новите песни, а во план ми е снимање и на повеќе спотови во иднина – раскажуваше Кузмановски во Фокус пред пандемијата.

Потоа, тој ја промовираше новата песна со наслов ,,Последен воз” и видео спот за истата. Музиката и аранжманот за истата се на Рубин Димкоски, додека пак текстот е на Орце Зафировски.

Кузмановски е татко на три ќерки, близначките Ана и Јана кои се средношколки, и Ева која има четири години. За жал, во 2012 сопругата на Миле Кузмановски по тешко болед ување си замина од овој свет, а пејачот остана сам со двете ќерки Јана и Ана.

Миле пред неклку години по втпр пат ја најде својата среќа во Јасмина. Миле за својата сопруга рече дека таа неговите ќерки близначки ги сака како да им е мајка.

Во една прилика, сопругата на Миле ја има раскажано целата нивна животна приказна, каде се запознале, како таа го профатила со две деца откако за жал се упокои нивната мајка…

„Нормално е еден период да те фати онаква криза затоа што некако се тоа го поднесов на нога, тој период го поминував заедно со сопругата Верче и еден период реков дека ќе направам пауза од песната, од мојата работа.

Но, кога ќе сфатиш дека мораш да живееш понатаму, да заработиш и да донесеш дома, а веќе си дошол на едно ниво каде тешко се стасува, а уште потешко се одржува, ќе беше жал но да го оставам микрофонот“ рече Кузмановски за Бекстејџ.

-Нашата авантура, моја и на Миле, а потоа и на Ана и Јана, па и на крај на Ева е несекојдневна, но е успешна“, рекла Јасмина во Женски магазин, а потоа додала:

-Живееме во средина каде сѐ уште се верува дека маќеата е лошиот лик од приказните, ние сите одлучивме да покажеме дека тоа не е така и дека можеме искрено да се сакаме и почитуваме, да го градиме домот, заедништвото со многу љубов, разбирање и хармонија.

Кога одлучивме да им соопштиме на Ана и Јана, јас и Миле разговаравме многу, прво јас и тој расчистивме многу работи од самиот почеток. Тој е многу посветен татко и посебно реагира на нив.

Со девојките секогаш отворено разговараме, а исто и со Ева иако е многу мала. Тука како женски лик најголемата улога ја имам јас. Разговараме и за нивната мајка, гледаме често слики и секогаш се потсетуваме на нивни случки, сеќавања.

Поменот за нивната мајка секогаш ќе живее во нашиот дом. Јас не се обидувам да ја заменам нивната мајка, таа е една и единствена, таа улога животна не е заменска.

Со Ана и Јана односот уште од самиот почеток е отворен, случајно се сретанвме на летување во Турција и енергиите се поклопија веднаш. Тогаш беа мали околку, 10 години а сега се веќе речиси 20 години, сега ми се вистински другарки.

Мојот однос со нив е родителски, јас се грижам за нивната општа добросостојба, за здравјето, за учењето, за емоциите дали се среќни или тажни, разочарани…

Сега е период кога тие влегуваат во нов животен циклус и мојата поддршка е повеќе од потребна“, изјавила Јасмина Кузмановска.