Naslovna Zivot Се огласи Оливера од „Срце на дланка“- 3лo можеш да нанесеш природно,...

Се огласи Оливера од „Срце на дланка“- 3лo можеш да нанесеш природно, но…

– Отсекогаш сум била емпатична и жалостива кон туѓите судбини. Кога ќе сум видела некоја тажна сторија на вести или на интернет со денови не сум можела да спијам.

Никогаш не претпоставував дека некогаш ќе водам проект со кој ќе ги менувам на подобро човечките животи.

Ова го изјави во едно интервју за Женски магазин авторката на емисијата „Срце на дланка“, Оливера Петрушевска, која во последно време е доста актуена во јавноста поврзано со емисијата.

– Отсекогаш сум имала вишок емпатија во себе. Паметам од дете не сум сакала да гледам тажни луѓе. Па, на жената што чистеше скали во зградата ќе и соберев мои алишта за да им однесе на ќерките. Низ годините наназад донирав облека на загрозени семејства.

Се случило и тазе купен сендвич на куче скитник да му го дадам, само да не е гладно. Се чувствував пресреќна после секој мој хуман гест. Поголема за двапати од претходно. Горда.

Но, не ни претпоставував дека некогаш таа моја хумана страна некој ќе ја препознае и ќе ме повика да водам ваков социјален проект. Мислам дека претпоставените не згрешија (хаххаа), а, јас нема ги разочарам.

Кој и да е на мое место кога ќе надвладеат емоциите неможе да остане рамнодушен. Освен ако е камен. Плачам. Голтам солзи.. Се соживувам со нивната мака. Колку пати сум сакала да го прекинам снимањето за да си дојдам на себе.

Но, така би се изгубила вистинската емоција и мислата на соговорникот. Па, дома си се доплакувам. Со екипата на враќање кон дома раскажуваме впечатоци. И во автомобил ги жалиме, коментираме и плачеме.

После неколку денови ми требаат за да заборавам и да дојдам на себе. Имало снимања после кои сум морала да пијам и апче за глава. Па, за некој ден пак сè одново.

И, претходно имавме прикажано потресни стории.. Самохрани родители, гладни деца, тешки животи. Но, јавноста најмногу трзна кај Љупче од Штип. Тој беше причината која ја дигна јавноста на нозе и ги обедини сите.

Не сплоти и покажа дека кога сакаме можеме и планини да поместиме. Исто и кај Анче Стојова.

Девојката која нема стапало, растела во дом, а денес нема за леб и основни услови за живот. Немаше! Благодарение на совесните луѓе, таа веќе има работа, отпишани долгови за станот и живее нов живот.

И за неа и за сите претходни и наредни семејства само ќе кажам „Слава ти Господе“! Ми докажа дека сè уште постојат добри луѓе во земјава.

Луѓето сакаат да помогнат, а нашето малку некому може да значи сѐ! “, кажа Оливера во 2021 година кога приказната за Љупче беше доста актуелна.

Јавноста изминатите неколкју денови, упати силни критики на адреса на Тале од Велес, но речиси никој, не се замисли и не констатираше дека секој во животот греши. Тале во емисијата се претстави како самохран татко.

Потоа, во јавноиста излегоа информации дека тој има жена и дека е склон на по-роци. Тале птооа објасни дека жена му не била во нивниот дом кога се снимала оваа емисија, по чије емитување многу граѓани донираа за да им помогнат.

Токму ова му го посочуваше Тале на јутуберот Лазаров, кој го посети Тале во неговиот дом. Токму во оваа насока е и реакцијата на екипата на „Срце на дланка“:

„Почитувани, Овие неколку дена не реагиравме на провокациите кои беа упатени кон емисијата и последниот случај кој беше емитуван. Нашиот став позади кој стоиме и ќе продолжиме на ист начин со хуманоста во проектот “Срце на Дланка”.

„Срце на дланка“ е хуман и благороден проект кој веќе трета година работи во интерес на подобрување на животот на семејства од социјален ризик.

Досега сме посетиле повеќе од двесте семејства со најразлични проблеми. Ни се јавиле и помош побарале луѓе со сериозни здравствени проблеми, луѓе кои донеле погрешни одлуки во животот, луѓе кои некогаш имале сè но поради сплет на околности, несреќа или порок останале без ништо.

За нас, сите заслужуваат подеднаква шанса да поверуваат во надежта за подобро утре и да се сретнат повторно во својот живот со хуманоста на граѓаните, поддршката, разбирањето и благородноста на човечноста.

Не судиме никого и ничие минато, туку се водиме од човечкиот порив да се помогне секој во неволја, бидејќи знаеме дека денес е многу лесно да се најдеш во безизлезност

Ние веруваме во сечие право да се добие прилика и да се учи од грешките, а тоа полесно се прави кога човек во мака ќе ја почувствува љубовта и грижата на други луѓе, за него непознати, но сите до еден, со еден заеднички именител: благосостојба и хуманост.

Зарем човек нема право на понатамошен живот, ако згрешил? Зарем ако бил коцкар и должник кој на пример се соочува со болест, докторот не смее да го прегледа и лекува, бидејќи имал сомни телно минато?“, е еден дел од оваа реакција.

Оливера по сите овие написи и случки се огласи на својот Фејсбук профил и напиша: „3лo можеш да нанесеш без напор, природно. Но, да предизвикаш добрина е тоа е умешност.

И, покрај временските услови и денес со екипата сме потребни на семејство кое живее тешко и возиме во Неготино. Наскоро сторијата ќе ја гледате во емисијата #СрцеНаДланка на #АлфаТв“, објави таа на Фејс.