Naslovna Zivot На овие наши политичари на забава им запеа Сања Барбика- Ковачевски и...

На овие наши политичари на забава им запеа Сања Барбика- Ковачевски и Спасовски во опуштено издание (ФОТО)

Приказните за фолкерката Сања Цинцева или попозната во јавноста како Сања Барби се секогаш интересни за јавноста. Пред неколку години, таа долг период престојуваше во Швајцарија.

Причина за тоа, како што тогаш тврдеа многумина, е нејзиниот дечко кој живее таму, а со кого Барбиката е во врска неколку месеци. Двојката се запознала сосема случајно, а љубовта се родила уште на прв поглед.

Имено, на еден од настапите на Сања, која честопати пее во Швајцарија, меѓу гостите бил и бизнисменот кој веднаш штом ја здогледал згодната струмичанка, изгубил глава по неа.

По настапот, тој и пришол, се запознале, а само неколку дена потоа се родила и љубовта меѓу нив. Сепак, фолкерката ги демантираше ваквите шпекулации.

“Нема врска, немам дечко. Точно е дека сум во Швајцарија, но немам дечко. Работно престојувам тука и се враќам кон почетокот на идниот месец”, рече Сања тогаш за медиумите.

Потоа, фолкерката Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ кое што го сними заедно со Џамбо Агушев.

Во еднно интервју неодамна, Сања доби прашање: која фолкерка е на врвот на македонската фолк-сцена, дали е тоа Сузана Гавазова или Елена Велевска. Според тебе која го заслужува пехарот?

– Секоја е добра на свој начин. Сепак, мислам дека јас сум на врвот, па десет места празни, па се останато. (ха, ха, ха), изјави таа.

Барби гостуваше во емисијата Фолк парада на Алфа и вешто ги избегнуваше прашањата за нејзиниот приватен живот.

Во играта која ѝ ја зададе водителката Анита, таа кога и да требаше да одговара на провокативни прашања ќе речеше: Дај една ракија.

Таа објави провокативна фотка на Фејсбук и овожавателите веднаш почнаа со коментари. „Секој коментар за твојата убавина ќе е премалку…“, вели еден.

Оваа жена исчезна нешто. А, толку е слатка и симпатична, многумина од естрадата можат вода да ѝ носат. Супер изгледа, згодна и умерено провокативна. Најмногу ми се допадна кога ја испеа „Министерка“, изјави еден обожавател на Барби.

-По 50ти пат со пригодна забава беше одбележан празникот на Ромите, Василица во Куманово.

На прославата присуствуваа премиерот на РСМ, г-дин Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи, г-дин Оливер Спасовски, подпретседателот на Собранието на РСМ, претставници од Министерството за култура.

Претставници на Советот на Општина Куманово, градоначалникот на Општина Шуто Оризари, претставнички на Форумот на жени на СДСМ, претставници од Јавни институции и претпријатија во Куманово, претставници од локален бизнис сектор и многу граѓани, пријатели и поддржувачи на ромската култура и традиција.

На сите нив им благодариме за поддршката, соработката и довербата низ годините на нашата активност. Се надевам убаво си поминавте и догодина побројни и повесели на повторна средба.

Во годината пред нас, ви посакувам многу здравје, успех, радост, среќни и весели моменти споделени со најмилите“, стои во објавата на Самет Салиевски.

На оваа забава, пеела нашата атрактивна пејачка Сања Цинцева која се фотографирала со Самет Салиевски.

И на овие слики, на забавата на која пеела Сања можат да се видат премиерот Ковачевски и министерот Спасовски во опуштено издание како уживаат во музиката на вечерта и во забавата.