Naslovna Magazin Ќе пораснам во него- Јелена Спенџарска како да планира бебе со дечкото...

Ќе пораснам во него- Јелена Спенџарска како да планира бебе со дечкото од Солун (ФОТО)

Нашата позната инфлуенсерка и водителка Јелена Спенџарска често објавува и мотивирачки цитати за животот, среќата, љубовта, а во последно време се отвора повеќе од било кога и отворено си зборува за сè.

Спепнџарска е една од нашите најпопуларни инфлуенсерки во последно време, во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ исто така откри како сака да изгледа нејзината сопствена свадба.

„Кога ќе ме прашаат дали сакам традиционална или модерна свадба, јас би сакала мојата свадба да биде со помал број на луѓе, да си направиме некоја забава. За фустанот имам идеја и отсекогаш сум знаела што ќе носам.

Мојот фустан ќе биде многу светкав и не сакам да ми биде бел, сакам да ми биде бледо розе или беж боја. Сакам да биде многу едноставен“ вели Спенџарска. На прашањето кога ќе те мажиме, водителката вели:

„Јас да знам кога, еден датум ќе го кажам. Не сум размислувала за тоа. Како што велат: тоа самото ќе си дојде.“

Спенџарска откри дека конечно е во врска, а тоа своевремено го докажува со секоја нова објава на Инстаграм. Всушност целата работа започна кога водителката летово објави Тик Ток видео на социјалните мрежи и напиша:

-Патување цело лето. Го поминувам најубавото време од животот. Преселување во нов стан.

Ја пронајдов мојата сродна душа. Пијам вино во Грција, додека врне, бидејќи никогаш не сум била посреќна, напиша во септември Спенџарска на англиски.

Потоа, таа објави слика, на која изгледа пресреќна. Гушната е со дечко, на кој сепак не му се гледа лицето, но фановите очекуваат наскоро да им го престави новиот дечко, доколку ова е навистина тој!

Потоа, на едно од своите понови сториња, Јелена објави видео од машка рака како декорира американски палачинки со разни овошја и јаткасти плодови, а палачинките изгледаат навистина вкусно.

До ова видео, Јелена ставила и срце, што укажува на тоа дека истиот мистреиозен дечко, кој го нарече сродна душа ги прави за неа.

Долго време се пишуваше за дечкото на нашата водителка и колку е таа среќна. Тие двајца постојано го поминуваат времето на релација Скопје-Солун, што најверојатно дечкото на Јелена е од таму или само таму живее.

Јелена неодамна изјави дека ова е прв Божиќ што го прославуваат заедно, а под елката во станот во Солун ја чекаа многу подароци кои ги отвораа заедно со партнерот.

Слики од нив двајца, шал од Поло, меки влечки за по дома итн. се само дел од подароците кои Јелена ги доби од партнерот.

На овој убав ден, Јелена објави слика со партнерот, седнати покрај елката, во домашно и комотно издание. Ова е првпат таа да го покаже партнерот во јавноста.

Водителката секогаш е позната по нејзината голема позитивна енергија и позитивност која ја шири каде и да се појави. Разиграна, средена и секогаш со убави мисли, таа е вистинкски пример за една жена.

Спенџарска била во дискотека со својот дечко, но и со нивни пријатели, а во таа прилика го испофали диското и откри колку е ова сѐ за неа:

„Оооо колку убава вечер беше ова. Не памтам кога последен пат вака сум се изнаиграла. Нашите пријатели беа ѕвезди на вечерта.

Видете го само ова! Омг, цело диско играше на сите песни од прва до последна!!! Абе 4 саати игравме без престан,“ напиша Јелена. Очигледно е дека ѝ одговара овој град поради тоа што и самата таа е доста активна.

Сега, таа е пак во Солун, како што се пофали на Инста стори дека овој викенд ќе го помине таму, па веднаш се пофали со убавото сончево време од овој грчки град.

Потоа, покажа како оди на шопинг како вистиснска домаќинка, и си купува ренде, па секачи за краставица, за морков и други нешта кои ѝ се потребни во кујната.

Ама, потоа, Јелена се покажа и во гардероба, како решила да си купи ново палто. Таа објави слика од неа како го пробува сакото, ама рече дека ѝ малку големо.

-Сакото е малку oversize, ама па 30 е, ќе пораснам во него. Ова „ќе пораснам“, може да се сфати на повеќе начини, ама еден од нив е дека Јелена ќе биде бремена кога ќе го носи ова палто.

На гости кај дечкото во Солун, купува домаќински работи, па потоа кажува дека ќе порасне, сето ова алудира на некои големи планови кои можеби нашата шарматна водителка ги има со својот сакан.