За нашата убавата фолк пејачка Елена Велевска, целата јавност знае дека имаше бурен развод. Елена е мајка на три деца, и 12 години беше во брак со охриѓанецот Маријан.
Во една прилика, Елена гостуваше во емисијата Голден карпет со Миро и со Ведрана, и водителката Ведрана Ѓорѓевиќ ја праша за нејзината нова песна и спот и настапите.
-Новата песна ја направив за да некако ги зближам луѓето, песната е насловена како „Овој живот убав е“, и навистина е убав, доколку човек знае навистински да ужива во него, бидејќи не знаеме што не чека утре, кажа Елена.
На самиот спот се опфатени оговарачки две, пантомимичар, железничар, човек којшто продава пуканки, човек којшто продава јаболки, имаше дечиња коишто присуствуваа на спотот…“, рече Елена за новата песна.
Откако се разведе од Маријан, таа се врати вои својот роден град Прилеп, и неодамна изјави дека таа и нејзиниот сопруг заеднички се грижат за децата кои и за двајцата се најважни.
Во истата емисија „Голден Карпет“ на Канал 5 иводителот Мирао Кацаров ја праша во какви односи е со екс сопругот. „Релативно добри“, одговори Велевска.
Ние си поделивме обврските кои се мои, кои се негови, и секој знае кои се негови обврски околу децата. Секогаш приоритет ни биле биле и на двајцата децата.
Во какви односи сме заедно? рече потоа Елена, а Миро одговори: Онака кога ќе се видите, кога децата ќе ве спојат, кога ќе треба да разговарате за децата, родителска средба.
-Најнормално. Нема љубомората заврши со самото наше прекинување. Кај мене нема љубомора, кај мене има чиста љубов, и се кажав дека е направено од љубов. Мене љубовта ми е двигател во животот, рече Елена.
-Пред неколку месеци тој даде изјава дека проблемот бил во тебе. Ти ја знаеш изјавата не е баш убава да се споменува, ти си имала некои проблеми, вакви, онакви, психички“, рече водителот, а на ова Елена одговори:
-Секој би имал психички проблеми со таков човек! Не знам јас кој би останал… 12 години бевме во брак“, рече Велевска а Миро ја потести на нејзините изјави дека сакала да го задржи бракот поради семејството.
-Да, поради тоа да се биде целина. Некогаш жената може да биде осамена и со три деца, тоа не е среќа“, рече Велевска, а Кацаров ја праша: Не ти беше страв да останеш сама со три деца?
-Каде, во Охрид? На секој би му било страв бидејќи децата се навистина голем товар. Затоа ви викам дека сега во моментов имаме најубаво разбирање кога се децата во прашање.
Децата имаат сигурни раце и од негова и од моја страна“, изјави Велевска кога беше во оваа емисија.