Naslovna Zivot Блазеси ѝ на Славица, жена му на Јордан Митев, еве на...

Блазеси ѝ на Славица, жена му на Јордан Митев, еве на каков начин ја запросил најпопуларниот пејач (ФОТО)

Кога некој како Јордан Митев ќе каже дека има неколку успешни песни, сигурно дека барем ако судиме споредпопуларноста под тоа неколку мисли повеќе. Митев реди хит до хит, а тоа народот го сака.

-Имам неколку навистина успешни песни. Некои песни созреваат брзо и стануваат слушани во моментот на нивото издавање. На некои пак им треба време и прав момент.

Некогаш тој прав момент песната може го чека со години, како што е примерот со песната Ај што мерак имам бабо која е стара радовишка песна.

Оваа песна од секогаш се пеела во радовишкиот регион, но кога јас ја обработив песната доби друга диманзија. Тоа не е пример само со таа песна, има многу песни што оживуваат дури по 10, 20, 30 па и повеќе години од нивното создавање.

Зошто е тоа така, немам точен одговор. Едноставно некогаш коцките се местат, а некогаш не, колку и да е песната добра. Нема дефиниција за хит. Понекогаш тоа е и среќа затоа што ете така треба да биде.

Како изведувач и комплетен автор, јас се потрудив и се трудам да направам квалитет, барем според моите критериуми за квалитет.

Што од тоа ќе се издвои и ќе стане песна за повеќе години и повеќе генерации ќе видиме, времето и публиката ќе покажат“; кажал Митев во едно интервју за muzichkiregistar.com

-Значаен број песни се производи за корисниците (слушателите), поточно за животни ситуации на луѓето што тие ги прославуваат. Тоа се ситуации како свадби, крштевки, слави и други веселби.

Некогаш тоа се песни со кои се поистоветуваат нашите работници во странство или иселеници кои доживуваат носталгични чувства. Трета категорија на фолк песни се оние патриотските.

Кои од овие три категории песни ти се најомилени како изведувач и автор и зошто, го прашале потоа Јордан во ова исто интервју, а нашиот познат фолк пејач на ова одговорил вака:

-Јас ги имам опеано сите од наведените теми. Тоа сето во едно претставува македоснки менталитет и сензибилитет.

Имам правено и снимано доста музички комбинации, од традоционални инструменти што се темелот и основата, па се до денешниот, така да го наречам модерен звук што е малку поблизок до увото на помладата публиката.

Мене ми се омилени сите теми и во сите теми го давам својот максимум на емоција, енергија и знаење. Се трудам да бидам во тек со времето. Знаете, за да опстои еден професионалец, да биде успешен и да живее од својата професија, мора да постави одредени стандарди и правила на игра.

За жал кај нас таквите се бележат како „црни овци“, бидејќи владее во поголем процент непрофесионализам, а непрофесионализмот не сака правила и стандарди, туку народски кажано сака водата да е матна, бидејќи само во матно таквите можат да пливаат и ловат.

Затоа јас сум многу внимателен што правам и како правам со музиката што ја создавам. Токму поради тоа и ми беше важно да ме има на светските е-продавници, бидејќи тоа е една од многуте работи што треба да ги има еден професионален артист.

Дали може да се живее од тоа?! Не. Но сето тоа ја прави целокупната слика за еден професионалец кој како таков може да живее од музика“, кажа Јордан Митев.

Ако влезете на Фејсбук профилот на Јордан, таму веднаш ќе ги забележите сликите од денот кога ја запросил своката љубов Славица која е инаку нашинка која живееше во Австралика, и притоа Митев  има напишано:

-ЕТЕ МАЈКО РЕШИВ ДА СЕ ЖЕНАМ… Почитувани фанови, мојата љубена кажа ДА. Од толку многу свадби што направив време е една свадба и за мене. Поздрав до сите и таму каде што нема Господ нека дава на сите!“, стои во објавата.

А на што исто така може да се забележи на сликите е и романтичниот гест на Јордан, тоест моментот кога тој на Славица ѝ клекнал на колена кога ѝ го давал прстенот. Блазе и на Славица со ваков маж.