Naslovna Magazin Нема веќе шлицови и деколтеа – еве како изгледа Маpија од „Sвезде...

Нема веќе шлицови и деколтеа – еве како изгледа Маpија од „Sвезде Гранда“ откако cе омажи (ФОТО)

Македонската ѕвезда на српското популарно шоу, Марија Груевска и нејзиниот партнер Синиша Стојаноски, изминатово лето правеа голема свадба со сите адети во близина на Битола.

Со Синиша се запознавме преку Инстаграм по моја “вина”. Го сакам затоа што е посебен и затоа што секогаш кога сум во негова близина треперам како да го сретнувам одново и одново. Ме поддржува и имаме исти гледишта во животот“, кажала таа за сопругот.

Интересно е што венчалниот фистан кој привлече големо внимание во медиумите е креација на мајката на Марија., објави Женски магазин неодана, а Марија за овој медиум раскажа:

– Чувството е неописливо, сè уште не можам да се освестам и да поверувам дека сум била во реалноста и дека мојот сон се остварува…

Граѓанскиот брак пред матичарот беше како во филм, пред манастирот и пред најблиските а венчавката беше вечерна пред сите 600 гости. Сите оние кои ги сакам беа на едно место.

Истата одеше во живо на видео бим, за да може да ја проследи секој гостин“, раскажала Марија за свадбата за која претходно кажа дека е можно да трае и три дена.

Музиката беше весела како и цела атмосфера и сакам да потенцирам дека тоа што ниту еднаш не седнав на невестинската маса, покажува како сум се чувствувала….“, додаде оваа пејачка за Женски магазин.

Секое нејзино појавување привлекуваше внимание и освен што ги освои сите со нејзиниот музички талент и глас, но и стас, нејзините комплетни сценски настапи и тоа како ги привлекуваше симпатиите на целокупната јавност, па со нетрпение се чекаше секој нејзин следен настап. Нејзин ментор беше Александар Милиќ-Мили.

За сега Ѕвездите на гранд е единственото музичко шоу на кое еден пејач може да се обиде да излезе надвор од границите на Македонија и тоа беше првичниот мотив.

Мили беше тој кој првично даде зелено светло за настапи, а потоа сè се темели на лојалноста. Целосно им верувам на членовите од тимот.

Златко Јовановски -Џеј зи џеј е пред сè човек со кој имаме долго и незаменливо пријателство и се знаеме одлично па многу добро знае со што јас можам да се носам.

Неговите креации се секогаш производ на неговиот широк поглед кон уметноста и чест ми е што сум во тим во кој е токму и тој“, кажа Марија додека беше во Ѕвездите на Гранд.

-Аплаузот е финалето за кое живеат големите уметници. Слушајќи го славејот во твојот глас, тој е неизбежен, тој не е наметнат, не е намерен и ко што ние си велиме ,,ради реда”.

Морам да кажам дека менторите од Звезде гранда иако се „големи” тие се многу достапни и обични луѓе. Секако ако некој од нас е во некој свој филм, тие стануваат недостижни, ама само за таквите.

За среќа јас сум раскрстила со суетата и некако супер сум прифатена. Им благодарам за тоа.

Сепак пред сѐ сите сме само луѓе“, кажа таа во интервју за Шеталиште кога беше во Ѕвездите на гранд и исто така раскажа:

Од моето скромно искуство, мислам дека за да се владее на сцената ќе ми треба уште многу труд и искуство, но со работа и учење, за сега, се снаоѓам…“, рече Марија претходно во Шеталиште.

Марија Груевска пред неколку месеци летна за Германија и изненади со својата нова објава на Инстаграм од аеродром во Минхен. Опуштена, во тренерки, без фризура, Марија и вака изгледа супер.

Но, изненадување е дека откако се омажи, пејачката се смири, па нема веќе шлицови, деколтеа, јака шминка и модни детали како пердуви, во какви што сме навикнале да ја гледаме.