Naslovna Makedonija Новинарот 3латев до Љубчо: Никогаш не сум бил ВМРО, а особено го...

Новинарот 3латев до Љубчо: Никогаш не сум бил ВМРО, а особено го презирам примитивното ВМРО од твое време

Денес поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Љубчо Георгиевски, потсети на лик од историјата, кој според Георгиевски, под влијание на српската пропаганда, бил сместен на темната страна од нашата историја, а тоа е Мара Бунева.

На овој негов статус, одговори новинарот Љупчо Златев, кој не се согласи со ставовите на Георгиевски.

Љубчо му реплицираше и му објасни зошто го птави тоа:

„Златев ти одговарам зошто беше еден од ударните новнари на Вмро на Груевски и формираше јвно мислење на вмровците. Македонската историографија за кралска Југославија го крие само тешкот ропство на македонскиот народ.

А бројката на македонци кои доброволно учествувале во таа кралска армија како Михаило Апостолски или дедо ми е смешно мала.

Во првата светска целата македонска левица и десница биле во бугарска армија. Само 11 македонска дивизија има 35000 доброволци .Е тоа се крие.“

На ова Златев врати дека не е така како што мисли Георгиевски и дека во најголем дел, тој го критикувал Груевски:

„Љубчо Георгиевски, јас никогаш не сум бил ударна тупаница на ВМРО и никогаш не сум имал мисија да им креирам јавно мислење на вмровците. Идеолошки, вредносно, политички никогаш не сум бил ВМРО. Никогаш ниту сум водел, ниту сум работел во медиум со десничарска уредувачка политика.

Воспитуван сум да го презирам примитивното ВМРО од твое време (кое сега идеолошки е прелесно во СДСМ), а за ВМРО на Груевски, 2/3 од неговото владеење, сум пишувал против него. Сум почнал да го бранам во моментот кога ги насетив националните катастрофи кои ќе следат со Заев.

Гледаш, ти имаш проблем критички да обсервираш историја која се случила пред 5-6 години, а треба да ти веруваме кога анализираш факти од пред повеќе од 100 години.

Тоа е проблемот на современата бугарска историографија, баш твојот проблем со мене, проблемот кога некој сака својата перцепција да ја продаде како историска вистина.“