Naslovna Vesti Во март ново зголемување на пензиите

Во март ново зголемување на пензиите

Минатиот месец, со исплатата на декемвриската пензија, финансиска поддршка од 1.500 денари добија 62.951 лице, чија пензија е до 11.525 денари и по 750 денари добија 65.704 лица, со износ на пензии од 11.526 до 14.000 денари.

Ова не е единствената финансиска поддршка за пензионерите предвидена со антикризни мерки.

Финансиска помош во вкупна вредност од 3.000 денари, добија 330.000 пензионери, за месеците март, април и мај 2022 година.

Пензионерите во 2023 година влегоа со повисоки пензии за околу 10%. Ова е историско покачување на пензиите и тоа за период од само една година.

Следува ново усогласување на пензиите за два месеца во оваа нова 2023 година, во месец март, според трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%. И тоа календарска, неизборна година.

„Како одговор на последиците од кризата, Владата предводена од СДСМ презема низа чекори за помош и поддршка на граѓаните.

Во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза“. Овие пораки на денешната прес-конференција ги истакна пратеничката од редовите на СДСМ, Санела Шкријељ.

„Започнувајќи од декември во наредните четири месеци парична помош ќе добиваат:

корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

Финансиска поддршка е предвидена и за пензионерите кои добиваат пензии во висина до 14.000 денари.

Покрај финансиската поддршка, во март следува ново усогласување на пензиите за 330.000 пензионери.

Согласно новата методологија за усогласување на пензиите како збир од растот на трошоците на живот и растот на платите, проценките се дека во март пензиите ќе порасната помеѓу шест и седум отсто.

Тоа ќе значи покачување за над 1.000 денари на просечната пензија која сега изнесува 17.422 денари“, изјави пратеничката Шкријељ.

„Преку одговорните и ефикасни политики, успеваме за само една од март 2022 до март 2023 година да ги зголемиме пензиите за околу 16 отсто, што никогаш досега се нема случено.

Владата и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со грижа за највозрасните наши граѓани, кои треба достоинствено да живеат во своите пензионерски денови“, додаде таа.