Naslovna Zivot Јохан се изненадил и рекол: Ете, ова е мојата Соња- Тарлчуловска откри...

Јохан се изненадил и рекол: Ете, ова е мојата Соња- Тарлчуловска откри зошто сопругот и ги кажал овие зборови

Пријателскиот однос помеѓу мајката и ќерката се заснова на доверба, па ќерката секогаш прво ќе се обрати до мајката доколку наиде на проблем. Мајката е доста вклучена во животот на нејзината ќерка и презема улоги во зависност од тоа што и е потребно.

Тие можат да бидат меѓусебни љубовни експерти, најдобри пријателки, шопинг партнерки. Соња Тарчуловска е многу горда на својата ќерка Мелани, која по стапките на мајка си, почна да пее.

Првиот настап како што пејачката изјави, таа го имала на Охрид фест, фестивалот во Охрид, и имала убава песна, минатата година, а оваа година таа настапи на фестивалот Макфест.

Тарчуловска објави слики од настапот на својата ќерка, и често ја објавува нејзината нова песна. Мајката и е менаџер на својата ќерка, ѝ го чува грбот во естрадниот свет и се грижи за неа како што само мајката знае.

Едни од објавените слики кои Соња, која е инаку сопруга на Јохан и мајка и на Младен и на Јоана се од Тв Канал 5, каде што Мелани гостувала во Утринската програма, а Соња се разбира е со неа како поддршка.

Мелани има изјавено дека со нејзиниот настап на фестивалот „Макфест“ направила свежа промена на нашата поп сцена.

Мелани минатата година беше најдобар дебитант на „Охрид фест“, со силна поддршка од родителите, а пред две недели, ја придружуваа и на „Макфест“. За Женски магазин, Мелани искрено зборуваше за својата љубов кон музиката и за фамилијата во Женски магазин.

„Со оглед на тоа дека Макфест е еден од најгледаните фестивали на нашите простори, сметав ека годинава е вистинскиот момент за да направам свежа промена на нашата сцена со мојот нов сингл „CON EL DIABLO”.

И оваа година се претставив со проект зад кој стојам исклучиво ЈАС, од текстот па сè до аранжманот. А што се однесува до настапот бев и возбудена и со малку трема што е сосема океј, но кога видов како публиката ја пее мојата песна, притоа тогаш не беше објавена на мојот „YT“ канал, заборавив на сè “, раскажала Мелани.

Талентираната пејачка ретко зборува за моментот кога татко ѝ не бил покрај неа, за неа е тоа болно минато. Јохан Тарчуловски беше однесен во зат ворот во Хаг кога таа беше бебе. За да ја заштити, нејзината мајка ѝ рекла дека татко ѝ е на далечен пат.

„Што се однесува до минатото на мене и мојата фамилија тоа е тема на која ретко зборувам. Бев мала и не бев свесна што ни се случува.

Јас знаев дека татко ми е на далечен пат, сè до моментот кога тргнав на училиште, научив да читам и пишувам.

Тогаш веќе не беше возможно да се сокријат новините и коментарите од страна на луѓето. Луѓето се сурови и понатаму на таа тема, но денес ретко кој има храброст да ме праша мене за истата“, раскажала Мелани.

Познатата фолк-пејачка по осум години пауза, најавува враќање на музичката сцена, со песна чиј автор е нејзината ќерка, Мелани“, објави Женски магазин.

Низ интересна приказна, Соња која е мајка на три деца: Мелани, Младен и Јоана, раскажува за нејзиниот живот во овој период, за сопругот Јохан и за тоа како го изненадила кога решила повторно да запее.

-Јохан отсекогаш бил заљубен во мене без разлика на мојот имиџ, а песната ја слушна откако веќе ја испеав и снимив во студио.

Тој е мојот најголем поддржувач, но со Мелани заедно сакавме и се договоривме да го изненадиме. Кога ја слушна песната беше многу изненаден и ми рече: Ете ова е мојата Соња!

После сите овие години Јохан не е само мој партнер и ветер во грб, тој е мојата љубов, маж кој несебично секој ден ми покажува како се сака и колку е животот убав, сакајќи ме со сите мои маани и доблести, а воедно е и прекрасен родител.

Поточно сите овие поминати и идни години тој е смислата на мојот живот“, изјавила Тарчуловска во ова интервју.