Naslovna Zivot Калиопи објави стара слика – еве како изгледала една од најпознатите наши...

Калиопи објави стара слика – еве како изгледала една од најпознатите наши пејачки (ФОТО)

Калиопи, по повод својот роденден, и тоа 55-от објави интересна и доста необоична слика, во костим за капење, токму среде зима. На сликата, таа е во сосема опуштено издание, без шминка, како ужива и си лежи на плажа.

Покрај оваа слика, Калиопи напиша и доста интересна порака во нејзин стил, до сите нејзини обожаватели, во која раскажа која е всушност смислата на нејзиниот живот.

-Дојде и овој ден! Дали сум на море? Не! Дали би сакала да бидам? Да! Дали им се радувам на годиниве? Да! Дали би сакала да бидат помалку? Не! Дали сум задоволна со мојот живот? Да!

Дали би сменила нешто? Не! Затоа што за сите овие години, со сите мои раѓања и паѓања, мојот живот има смисла колку на оваа фотографија, за која сигурно не ви е јасно зошто токму една летна во зима.

Е па, затоа што токму таков е и мојот живот! А јас, се разбира, преблагодарна! Ве сака Опи“, напиша Калиопи на својот Инстаграм и Фејсбук профил, а по повод овој ден кој е посебен за неа.

Без оглед што се долги години поминати откако одржала концерт во Македонија, Калиопи како вчера да пеела пред својот народ.

Концертот кој мнатата есен го одржа во Велешкиот театар, од една страна покажа колку домашната публика ја зажелела, а од друга, колку е цврста таа нејзина врска со верните фанови кои со години стојат пред неа“, објави Женски магазин.

Магичен, емотивен, моќен и весел беше овој концерт, каква што е и самата Калиопи- мајстор во она што го прави, неприкосновен уметник. Со годините, гласот како да ѝ станува уште подобар, почист и посилен.

А, во старите хитови инвестира, правејќи од нив малку поинакви верзии, следејќи го чекорот на времето, а сепак оставјќи го главното да ги води- убавото време во кое се создадени.

Нашата музичка дива, многу често објавува слики од минатото, а денес покажа како изгледала во далечната 2003 година.