Naslovna Vesti Никола Г. проговори за патот Кичево – Охрид: Лажат дека била утната...

Никола Г. проговори за патот Кичево – Охрид: Лажат дека била утната трасата

Поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е во егзил во Будимпешта, денес на својот профил на социјалните мрежи, проговори за повеќе инфраструктурни објекти, меѓу кои и за патот Кичево – Охрид:

„…Веројатно погрешивме што предвремено не го пуштивме го употреба патот Сопиште – Скопје преку Водно, кој не само што беше готов пред смена на власта, туку заедно со тогашниот министер за транспорт имавме и презентација на истиот пред медиумите каде се виде и со камерите снимаа дека само банкините на патот не се целосно до монтирани, работа која бара време од околу еден месец.

Верувале или не, денес речиси шест години подоцна тој пат сеуште не го пуштаат во употреба. Неверојатно! Но и индикација дека истото можеше са се случи со објектот на Македонската филхармонија ако не превземе чекор за негово отворање и пуштање во работа пред трансферот на власта.

Незнам дали сакаат да ги казнат жителите на општина Сопиште што во мнозинство претежно го подржуваат ВМРО-ДПМНЕ, или пак го заборавиле патот како што се одвејани и фокусирани само на лично богатење, дали “им се удира нов чочек” или едноставно не сакаат во нивниот мандат да се пушти во употреба наш проект, но што и да е, тоа е многу неодговорно, не фер кон народот и остава впечаток на длабоко фрустрирана партија во континуитет и нејзина гарнитура функционери, кои бидејќи не се способни сами нешто ново и вредно да создадат, се обидуваат да го засенат и сокријат она што нивните конкуренти го органзирале и реализирале.

Јас не верувам дека во Европа постои сличен пример како овој.

Нема да одам понатаму со патот Кичево-Охрид за кој цела нација ја лажеа дека трасата била промашена, или патот Штип

– Кочани кој во тоа време веќе со полна пареа се градеше а едвај еден дел пуштија пред некоја недела. Или патот Градако

-Прилеп кој беше повеќе од половина изграден, а сеуште неможат да го завршат, или автопатот Скопје -Штип кој беше 90-95% завршен пред трансферот на власта па тие 5-10 % ги “градеа” околу две години или пак градбата на новиот турски театар кој го оставивме изграден во карабина и кој пет години речиси стоеше во место.

Пругата кон Бугарија, регионалниот пат Ранковце Крива Паланка, за кој светската банка веќе беше одобрила кредит, објектите на факултетот за физичка култура и на ФИНКИ спроти Мавровака, новиот театар во Струмица кој стои недограден таму каде што го затекнаа изграден во карабина, исто како и Свети Климентовиот универзитет и другите објекти околу него на Плаошник во Охрид и уште многу други.

За универзалната сала во Скопје попусто оставивме два целосно завршени проекти, едниот за целосно нов објект, оној во облик на јајце, и еден поевтин за темелна реконструкција со проширување со неколку помали дополнителни сали и други простории…“

Целиот статус на Груевски, прочитајте го ТУКА