Naslovna Zivot Миленко објави слика од кафана: Мала забава cо група драги луѓе хедонисти...

Миленко објави слика од кафана: Мала забава cо група драги луѓе хедонисти (ФОТО)

Многумина го оспоруваат, но уште повеќе од нив го сакаат и ги гледаат неговите подкасти, емисии, винтиџи.

Миленко Неделковски е преку 35 години во медиумскиот простор и остави неизбришлива трага, особено во спортскиот дел, како спортски коментатор.

За коментирање Формула 1, му немаше равен, но тој е и единствениот новинар, не само од Македонија, туку и од поранешните југословенски простори, кому му успеало да направи интервју со најголемиот – Ајртон Сена.

Покрај Сена, Миленко има интервјуа и со останатите позначајни Ф1 имиња од тоа време.

Како што вели самиот за себе, во животот имал повеќе хобија,а јавноста, особено постарата генерација се сеќава, дека тој беше еден од ретките, кому му успеа да учествува на Камел Трофи.

Миленко Неделковски е се уште активен медиумски, преку својот Јутуб канал, а во последно време, многу често проговорува и за своето семејство, синот и ќерката кои со своите семејства живеат на Флорида, во САД.

Миленко Неделковски во петокот наполни 66 години, а неговиот профил на социјалните мрежи, објави слика Route 66, што е всушност најпознатиот автопат на Светот и се наоѓа во САД.

Миленко денес објави слика од кафеана, и објасни како го прославил роденденот: