Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски, во март, 2016 година беше уапсен во Србија по распишана потерница од страна на македонските власти.
Даравелски е осуден во Македонија со правосилна судска пресуда дека како директор на Царинската управа (1999-2002) проневерил 2,5 милиони евра.
Против него, веднаш по завршувањето на неговиот мандат како директор на царината, веднаш беа поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања.
Една од нив беше и за неуплатување на приходите од царините во буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на царината и на други институции.
Во потерницата на МВР пишува дека Даравелски Драган „се бара по наредба на Основен суд Скопје за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 КЗ на РМ”.
Даравелски долго живееше во Белград, каде беше и во екстрадициски притвор, но веднаш потоа стана државјанин на Србија и не беше испорачан во Македонија.
Извор: мкд.мк