Naslovna Zivot Перо Камиказа: Го најдов точакот, сам се врати во влез – сега...

Перо Камиказа: Го најдов точакот, сам се врати во влез – сега ќе го чувам во спална (ФОТО)

Нашиот познат актер и музичар, Петар Георгиевски Камиказа, завчера објави дека му е украден скапиот точак, кој вреди преку 5 илјади евра:

„Ноќва од гаража ми е украден точаков.Тој е Arija e-bike и еден од можеби 10 – те на цел балкан.Нема никаква вредност без батеријата и полначот.Доколку некој има било каква информација , следува богата награда.“

Потоа, на социјалните мрежи, следа зафрканции, но и злобни коментари околу цената на точакот кој го вози Камиказа. Тој не остана иму8н на ваквите зборови, па прокоментира:

„Sime Barba Jovanovski он е скоцкан во најмалку 7 илјади евра за рекреација.

Прашај некого од Европа или САД кој заработува 7 илјади евра нето месечно, дали би потрошиле толку пари за возење на Водно?

Е тоа распаметува од бес. Овој ебиветер стаса да не’ краде и да се слика со имиџ за рекреација на Водно во вредност од цела годишна плата за многу граѓани со високо образование.

Ќеиф ми е што му го украле.Еве една дама како ликува и се радува за точакот што ми го украле Lidija Peeva e автор на милозвучната беседа.“

Вечерва, Петар Георгиевски Камиказа, објави дека го нашол точакот и обзнани каде планира да го чува во иднина:

„Потрагата заврши , точакот се врати сам , во влез. Се е добро, кога добро ќе се сврши. Сега патува во спална , само да го замијам.“