Од почетокот на годината, заклучно со септември, инфлацијата изнесува 12,4 отсто, растот на просечната плата заклучно со август за кога Државната статистика има последни податоци, изнесува 9,6 отсто.
Ако според формулата од законот, се земат предвид половина од овие проценти, на минималецот од 18.000, во овој момент треба да се додадат 11 отсто. Но, до крајот на годината има уште два месеци, растот на цените и платите ќе продолжи и натаму ќе ја билда минималната заработувачка на работниците.
Предлог буџетот за 2023 помина на влада и не е само план, туку и директен одговор на предизвиците и кризата и е слика на политиките и мерките кои владата ќе ги носи следната година, изјави Филип Николовски заменик министер за финансии во емисијата „24 Отворено“ на Тв24.
– Одвоивме 250 милиони евра за поддршка на кризата која се уште ќе трае, одвоени се дополните сретства за пензионерите, масата на пензија е зголемена за 120 милиони евра, во март ќе има дополнителни 6% зголемување на пензиите и сумата на капиталните инвестиции е на ниво од 800 милиони евра во предлог буџетот. Капиталните инвестиции ќе бидат ѕвезда водилка зна новиот предлог буџет, истакна Николовски.
Во Предлог-буџетот за 2023 година точно и прецизно се планирани средства за плати согласно растот на минималната плата и усогласувањето кај останатите вработени, содржи 250 милиони евра за справување со кризата, средства за зголемените пензии, а ѕвезда водилка на овој Предлог-буџет ќе бидат капиталните инвестиции.
Владата ќе ја зголеми минималната плата која ќе достигне вредност од 19.600 денари во март 2023 година, најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во едно телевизиско гостување.
Според она што тој го изјави, намерата на Владата е со наредното зголемуцање двајца членови од семејството да ја покријат месечната потрошувачка кошничка.
„Ќе целиме да ја зголемиме минималната плата затоа што платата мора да биде достоинствена. Во март минималната плата ќе биде 19.600 денари, што кога ќе има двајца членови на семејството ќе ја покрие кошничката и ќе остане нешто“ изјави Битиќи.
Тој дополни дека иако за кратко време минималната плата бележи удвојување, тој лично не е задоволен од лимитот.
„Не сакам да заборавам некои работи. Пред 6 години кога минималната плата беше 9 илјади денари бев критичен за минималната плата и денес продолжувам да бидам критичен иако минималната плата е 18 илјади денари“, рече вицепремиерот.