Статус на Никола Груевски: „Денес е 19 декември, датум кој ми е многу значаен во мојот живот, но е многу значаен и во православното христијанство, како и во историјата на Македонија.
1.Денес е денот Св. Никола чудотворецот во чија чест има според статистиката на црквата најмногу слави во Македонија, но тоа е и мој именден.
Во негова чест се направи и статуа од мермер висока четири метри и се постави на врбом на еснафа од трите фонтани кај црквата Пресвета Богородица на плоштадор Пресвета Богородица во Скопје. На централна та фонтана е склуптура од Пресвета Богордоица, на втората се склуптура на Св.Петар има Павле с на третира фонтана е склуптура за на Свети Никола.
Тоа е спроти објектот кој со одлука на Владата се именува како објект “7 Јануари – Божиќ”, а во кој денес е сместено Министерството за политички систем, на чии горен дел од објектот покрај ликот на Исус Христос се поставија и бронзени фигури т.н. од дванаесете апостоли, негови ученици, како и веднаш до објектот во кој требаше да се смести факултетот за драмски уметности и поголем број државни установи како и објектот на еден од мобилните оператори.
Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски кој се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот. Роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник.
Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните. Христијаните веруваат дека тој помагал на сите повици и дека од неговото лице сјаело светлост.
Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година според новиот Грегоријански календар т.е. на 19 декември, според стариот Јулијански календар.
Во христијанството тој е почитуван како чудотворец, во источното христијанство и како заштитник на патниците, затворениците и сиромашните, а во западното христијанство како заштитник на речиси сите класи на општеството, но особено на децата. Често е прикажан со митра на главата, симбол на неговата епископија.
Свети Никола ја дал основата за создавање на ликот на Дедо Мраз. Врз основа на неговиот живот, во кој се зборува за дарот на Свети Никола на трите ќерки на сиромашен човек, настанал обичајот да се даваат подароци на Божиќ.
Во портата на црквата Св. Никола во градот Мири, каде што некогаш биле неговите мошти, има статуа на светецот во форма на Дедо Мраз (Божиќ Бата), а со неа и соодветна вреќа со подароци со детски ликови. Денес неговите мошти се наоѓаат во црквата во градот Бари во Италија, која со големо задоволство ја посетив во една прилика.
2.Денешниот ден ме потсеќа и по смртта на мојот вујко Јордан Мијалков кој загина во 1991 година на службена должност како прв министер за внатрешни работи на Република Македонија, во сообраќајна несреќа помеѓу Бујановац и Врање во исклучително сомнителни околности во едно многу тешко и тензично време во кое тој превзема голем дел од товарот на свој грб, спасувајќи илјадници млади луѓе од Македонија кои требаше да бидат регрутирани и испратени на фронтот во Хрватска на страната на ЈНА.
Тоа го спречи преку заплена на регрутната документација во една ноќ, акција што беше голем удар за тогаш многу моќната ЈНА, спроведена од страна на далеку помалку моќната македонска полиција. Така спаси животи на илјадници млади луѓе, но својот набрзо потоа го положи.
Тој човек кој ми беше многу близок, од кој имаше што да се чуе и научи е личност на кого секогаш ќе се присетувам со многу пријатни чуства. Една година подоцна во 1992 година на тој ден почина и мојата баба Марија, мајка на мојот татко, која како самохрана мајка – вдовица на загинат присилно мобилизиран
Македонец во грчко италијанската војна со три малолетни деца за време на граѓанската војна во Грција ја премина граница заедно со илјадници Македонци кои беа принудени засекогаш да ги напуштат родните огништа под налетот на оружената воена кампања во северна Грција поточно во егејска Македонија.
3.Но, 19 декември е многу значаен и за макеоднскта историја.
На 19 декември умира Димитар Попгеоргиев Беровски (1840-1907), славен македонски национален деец и револуционер, предводник на Кресненското и на Разловечкото востание и кој подоцна се вклучува иако во поодминати години и во подршка на македонската револуционерна организација МРО (ВМРО), уште во почетоците преку активност за организирање на производство на бомби, заедно со Гоце Делчевби Дамјан Груев.
Во негова чест и слава во 2012 година се постави споменик на централниот плоштад “Македонија” во Скопје, како на личност многу значајна во македонската национална историја, се постави и воштана фигура и слики во Музејот на македонската борба за слобода и независност а се изработи и документарен филм и книги.
За Димитар Попгеоргиев Беровски може многу да се пишува, но јас само ќе ги нафрлам поважните делови од правилата на Кресненското востание од кои може да се види за што се кренале востанието во 1978 година под негово водство, за што се бореле востаниците и за што се борел истиот.
Во понатамошниот дел пренесувам повеќе цитати од книгата на историчарот Иван Картанџиев “Кресненско Востание” од каде може да се види дека во “Правилата”, стои дека, Македонскиот востанички комитет ги „озаконил” во 1878 година, врз основа на пропратното писмо на Натанаил, од 13 ноември 1878 година, испратено до Софискиот комитет, нив веројатно ги изработил самиот Дими тар Поп Георгиев.
Програмските цели на востанието, содржани во правилата озаконети од Македонскиот востанички комитет можат да се групираат во два основни пункта: национално-политички и социјален.
Во на ционално-политичките цели се зафатени сите аспекти на борбата: ослободувањето и конституирањето на македонската држава, изградбата на власта на ослободената територија, народносната и верска толеранција, односот спрема Благотворителниот комитет, спрема непријателите на македонскиот народ, основите на надворешната политика на востанатиот народ, пред сè односите со соседните народи итн. Во правилата исто така доволно место им е посветено и на воено-организационите прашања на востанието.
,,Во желбата да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас кој колку што може станавме да се жртвуваме зашто од секој од нас е пот- ребна помош. Ние се дигнавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме како македонска војска на Александар Македонски за слободата со нашата девиза: ,,Слобода или смрт”, се вели во текстот на Правилата,,односно уставот”, по „кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме целата наша татковина Македонија”.
Определувајќи ја целта на востанието во Македонија”, понатаму се вели дека тоа cè уште е делумно, но треба да се прошири низ цела Македонија (чл. 1).,,Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија коишто се чувствуваат Македонци и мислат за слободата на својата татковина” (чл.
2). „Целта на македонското востание се вели во чл. 9 од Правилата, не е никаква тајна, тоа е ослободување на Македонија, земја на славните словенски просветители и учители Кирил и Методиј која со векови страда од турското ропство. Затоа секој што нема да се бори за нејзиното ослободување, а си прави свои сметки, нема за него место во востанието”. Осврнувајќи се потоа на тоа зошто востанието се дигнало само во еден дел на Македонија, а не во целата земја, востаниците во своите Правила објаснуваат дека откако дошле до сознанието оти во дадените политички услови во Македонија, Турција, на Балканот, па и во Европа, тоа било невозможно да се стори, одговараат дека тогаш решиле да се дигне, местимично востание во Источна Македонија и ослободиле многу села и населени места со внатрешни сили”.
Меѓутоа, тие ни малку не се откажале од основната идеја востанието да се прошири на целата земја.,,Пред нас стои големата задача да ја ослободиме целата наша татковина Македонија, се вели во чл. 125 од 47 Правилата. Ние сега водиме партизанска борба со Турците, но нашата намера е да испратиме востанички чети внатре во Македонија за да се дигне востание и таму”.
Во Правилата се вели дека за таа цел веќе биле преземени и конкретни чекори. Имено, била определена една чета од 300 востаници на чело со војводите Караискаки, Стефо, Павле и Кара Коста да замине во Битолско, во Мариовските планини, и од месните доброволци да ја, постави основата на востаничката војска во тој крај”. Објаснувајќи го карактерот на востанието во дел од чл. 132 на Правилата изречно се вели: ,, Нашето македонско востание е внатрешно и ние го водиме со свои сили”.
И најпосле во врска со национално-политичките цели на востанието, од кога се објаснува како ќе се конституира и како ќе функционира цивилната власт на ослободената територија, јасно и прецизно се вели дека, Централниот комитет по ослободувањето на татковината ќе подготви устав за уредувањето на македонската држава, како автономна со политичка и културна автономија во Отоманската империја или надвор од неа, ако тоа го позволат големите европски сили” (чл. 145).
Востаничкото раководство на чело со Димитар Поп Георгиев имало јасна претстава, сосема нормално со оглед на тоа дека потекнувало од длабоките низини на македонскиот народ и во себеси го носело вековниот гнев против османскиот феудален систем, дека без задоволувањето на социјалните аспирации на широките чифлигарски маси кои ја носеле борбата на своите плеќи востанието не можело да ја активира нивната сила, да стане привлечно за нив.
Иако без некоја солидно изработена програма за општествено-економски промени што се задолжувало да ги воведе победоносното народно востание во ново изградената македонска држава, првото што се сметало за потребно да се направи уште додека течело востанието било, најстрого да се забрани чифлигарењето” а второ постоечките чифлигари веднаш да ја добијат во сопственост земјата што ја обработувале како чифлигари под услов ако нејзиниот сопственик, т.е. чифлик- сајбијата не е во состојба сам со своето семејство да ја обработува. Исто така се повела сметка оние чифлигари кои како резултат на примената на Правилата ќе останат без работа да им се даде безстопанствената земја на обработка без оглед на тоа дали била засадена од бившите стопани.
Безстопанствената земја им се давала и на малоимотните селани (чл. 152, 153, 154). Без оглед на вековното ропство, наталожената недоверба и нетрпеливост поради насилствата на турската власт и на самоволието на разните силници, разулавените банди итн. македонските востаници своето ослободување не го замислувале како донесување на неслобода за другите народности што живееле во Ма- кедонија, па ни за припадниците од владејачката нација. Тие особено имале чувство за социјална правичност, свесни дека ниту положбата на експлоатираните маси од владејачката турска нација” не се разликувала од таа на македонските селани.
Затоа барале почитување на имотниот интегритет на мирното турско население и се заземале за верска толеранција.
Во тој поглед Правилата најстрого и забранувале на македонската востаничка војска”, кога ќе ослободи некое село или град да го ограбува населението, вклучително и турското. „Секој востаник ќе си носи храна во торбата и додека не пристигне комората ако нема да јаде ќе трпи. Кој ќе влезе во турска куќа да бара храна или што и да е друго ќе се третира за ограбувач и ке се накажува со смрт”. (чл. 48)
Тоа било додека траела борбата за ослободување. Меѓутоа, за да се покажало дека оваа мерка не била од привремен карактер ниту пак била мотивирана со тактички и демагошки намери, во Правилата со кои се регулирале и основите за уредувањето на цивилната власт во ослободена Македонија во врска со имотната сигурност на турското население и верската толеранција се пропишува:
,,Месните власти, комитетите ќе водат строга сметка за запазување имотите на Турците коишто со ништо не са се огрешиле спрема востанието и со чесен труд то заработуваат својот леб. Секој оној што ќе направи штети на имотот на таков Турчин ќе биде осуден на најстрога казна- смрт”. (чл. 155). ,, Строго се забранува ширењето на омраза на религиозна основа, да не се прави поделба помеѓу националностите, затоа што секој е рамноправен граѓанин и се наоѓа под заштита на законите на македонската граѓанска управа”. (чл. 156) Натаму во правилата најстрого е забрането безчестењето на верските институции – цркви и џамии, или пак ограбување на вакавскиот имот.
За нарушителите се предвидува најстрога казна. На православните им е препорачано да ги почитуваат муслиманските обичаи.
Забрането било без дозвола да се влегува во муслиманска куќа, да се открива Муслиманска жена, да се пуштат манските имоти итн.Истите забрани важат и за муслиманите спрема православните обичаи, нешто што било практика во минатото и што сè уште се практикувало во,,неослободените места”. Настојувајќи колку што е можно повеќе да ја истакнат автономноста на своите постапки и решенија мотивирани исклучиво од целите за ослободувањето на Македонија, македонските востаници не само декларативно ги изнесувале своите намери, туку преземале практични чекори да се заштитат од дејствија на неканети туѓинци. И во тоа биле еднакво претпазливи и укажувале на будност како спрема опасноста од инфилтрирањето на турски шпиуни во востаничките редови така и спрема агентите на другите заинтереси- рани сили.
,,Голем број Македонци во Србија – се вели во еден член од Правилата изразија желба да му се приклучат на македонското востание удирајќи по турските сили од северните граници, меѓутоа, немаат оружје. Ако си најдат оружје и го прифатат нашиот Востанички устав од срце ги примаме”. (чл. 136) Меѓутоа, за примањето на странците од словенските земји” прописите се веќе подруги. Прво се вели дека и тие се примаат во колку си најдат оружје и го прифатат востаничкиот Устав, за потоа да се рече:,,меѓутоа, помеѓу нив има и еден број на авантуристи од кои востанието нема полза, та по никоја цена да не се примаат”.
Заради самозаштита препорачано е доброволците што се испраќаат однадвор без препорака од Македонскиот востанички штаб да не се примаат во четите, да се испитаат кој ги праќа, да не се шпиони… Во колку ќе се докаже дека станува збор за шпион или пропагандист или разбојник дојден од Турција, Грција, Бугарија, Србија, Русин, Босанец или од каде и да е, да сe испита кој го праќа, за каква цел и за cè што направил по востаничките места ќе се накажува”… (чл. 71) „Ако подоцна се разбере дека некој доброволец примен Веќе во редовите на македонските доброволечки војски е шпион на некоја страна или работи против целите и интересите на македонското востание ќе се накажува според законите на македонската востаничка војска како внатрешен”. (чл. 72) И најпосле пропишан е еднаков однос спрема сите непријатели без оглед на нивната народносна припадност.
“Секој христијанин и муслиман Македонец, Турчин, Арнаут, Влав и други кој ќе се покаже противен на востанието и востаниците ќе се прогонува”. (чл. 15). Независноста и самостојноста на македонското востание од 1878 година се јасно истакнати не само во политичко-програмска смисла во која е изразена по- литичката филозофија на предводничкиот фактор на востанието и на неговите носители, туку и во погледите за составот и организацијата на македонската војска”, за создавањето и функционирањето на востаничката власт, како и во визијата како требало да изгледа и да дејствува пирамидата на цивилната граѓанска управа во ослободените делови на Македонија.
Кога се зборува за тоа кој ја сочинува македонската војска, во Правилата дословно се вели дека македонската востаничка војска” освен редовните востанички сили ја сочинува целото македонско население од ослободените и неослободените краишта”. Впрочем, секој е на некаков начин македонски војник, машко или женско, стар или млад, сите се должни кој колку може и со што може да му помага на востанието. (чл. 82) Определувајќи го на тој начин правото и должноста на секој Македонец да го даде својот личен прилог во ослободувањето на својата земја, во Правилата посебно е разработено местото на селаните како основен состав на војската. Пропишани се нивните должности како војници на македонската војска. Во време на борбите тие се должни да се наоѓат во борбените линии, а во време на затишје на своите ниви.
За функционирањето на македонската селска востаничка војска, која сепак не била регуларна, бил пропишан систем според кој во секое село се формирал старешински совет. Селаните биле групирани во капе- танати на чело со капетан. Капетанот кој се јавувал како повисока форма на воена организација имал на располагање по 100 души, кои ја имале функцијата на регуларна војска, т.е. би кажале, вршела гарнизонска служба.
За заштита на ослободените места се организирале стражи кои се менувале секои 10 дена. Освен тоа бил изграден и систем на востанички комитети кои делувале тајно во близината на фронтовската линија и се грижеле за безбедноста, прехраната итн. на населението како и за регрутирање на војници за македонската војска.
Тргнувајќи од основната идеја да се мобилизираат силите на македонскиот народ и на другите народности што живееле во Македонија за нејзиното ослободување од турското ропство, од една и од друга страна настојувајќи сите востанички дејствија без оглед во кој крај на Македонија и како се појавиле да се потчинат на единствената команда на,,Македонскиот востанички комитет”,
Правилата се прогласувале за задолжителен акт, инструмент на единство што ќе биде во сила во сите области на Македонија”. (чл. 128) за изградувањето на единствено востаничко раководство со Правилата се наредувало во секој реон каде ќе се подигне востание да се создадат обласни македонски востанички комитети кои ќе раководат со востаничките сили и ќе одржуваат врска со Македонскиот востанички комитет”. (чл. 129) На востаничките чети што се појавиле во различните краишта на земјата како во Костурска, Малешевска, Прилепска и Велешка каза, во Џумајскиот округ, во Скопско итн.” а пред сè под раководството на месните војводи, „Македонскиот востанички комитет како централен за цела Македонија” им препорачува на сите војводи да му се обратат за добивање на соодветни директиви.
Освен воените проблеми сврзани со ширењето и развојот на востанието, во Правилата им е посветено определено место на прашањата сврзани со конституирањето и функционирањето на цивилната власт или како што во нив се вели на граѓанската управа” во ослободените територии. Имено за изградбата на власта во Правилата е пропишано на ослободената територија да се воведе привремена граѓанска управа” која ќе раководи со општествениот живот на народот. (чл. 140) Според прописот во секое населено место се составувале заеднички комитети од по пет члена. Грижата за раководењето со овие комитети му била доверена на Централниот комитет кој исто така бил составен од пет члена и кој имал политичка функција.
Покрај другото тој бил обврзан да го претставува македонското востание пред туѓите влади и пред народот”. (чл. 144) Во Правилата се пропишани мерките за осигурување на редот и мирот на граѓаните. Главната грижа за тоа е поверена на милицијата и на соодветен судски орган кој при непостоењето на пишани закони требало да работи врз основа на обичајното право.
Во грижата за воведувањето ред и мир на ослободената територија особено внимание се посветило на меѓунационалните односи. Биле преземени мерки да се спречи секаква нерамноправност и дискриминација. Така, во Мешаните населби учеството во органите на власта било на паритетна основа, а во немешаните таа била составена од самите селани независно од нивната национална припадност. Се разбира Правилата или Уставот како програмско-политички документ не би биле целосни, ниту пак амбициите на македонските востаници дека се борат за своја сопствена независност, за своја слобода, за своја држава би биле убедливи ако во нив не се определувал и односот спрема надворешните фактори кои имале релативна тежина за развојот на востанието и особено спрема однесувањето на бугарската Егзархија и Благотворителниот комитет „Единство”.
За прашањето на принципите врз основа на кои востаниците ќе настојуваат да ги уредуваат своите меѓу народни односи и контакти во Правилата е разработена посебна глава под наслов „Воншните задолженија на востанието”.
Всушност тој дел од Правилата претставува еден вид кодекс за надворешната политика што востаниците ќе ја водат додека траело востанието, а во кој силно и без секаков остаток е подвлечена самостојноста на востаничката акција, нивната слобода тие самите без сечие туторство да ги уредуваат своите меѓународни односи во интерес на востанатиот македонски народ, на неговите амбиции за ослободување и конституирање во своја сопствена држава.
Во Правилата во прв ред е укажано на тоа какви треба да бидат настојувањата на востаниците кон Европа и соседните држави: Бугарија, Србија, Грција, кон албанското национално движење, Русија, па дури и кон Турција. Во нив посебно е акцентиран односот кон бугарската Егзархија.
Во однос на Европа во Правилата се вели: „Македонското востание е внатрешно, но тоа нема да успее ако не ја убедиме Европа за нашата ослободителна борба”… (чл. 182) За постигањето на оваа цел,,Македонскиот востанички комитет” е задолжен од името на сите македонски востаници да преземе соодветни пропагандни акции, преку испраќање на мемоари итн., со задача да ги,,појаснува целите на востанието, да се сфати вистината на нашата борба, дека таа е ослободителна и дека нејзината цел не е да ги нарушува правата на другото населението во Македонија” (чл. 184) Односите на востаниците со бугарската држава се поставени врз принципот на рамноправност и реципрочност.
Во Правилата за тоа се вели: ,,Макдонскиот востанички комитет ќе ја информира владата на кнежевство Бугарија дека Македонците нема да имаат други мешања со Кнежевството, освен братска помош на овие наши словенски брака” (чл. 186). Македонскиот востанички комитет во Кнежевството ќе се претставува од наши претставници, а Кнежевството исто така може да испрати свои претставници при Комитетот. (чл. 187) И во поглед на соработката со Србија се прифатени истите принципи, „Македонскиот востанички коми- тет ќе ја запознае и братската земја Кнежевството Србија со целите на нашето востание и ќе побара братска помош за ослободувањето на Македонија. Ако српски- от кнез позволи во кнежевството ќе испратиме наши претставници (депутати) и при Комитетот ќе примиме нивни претставници”. (чл. 191).
Натаму се вели дека Комитетот ќе побара од српскиот кнез помош во оружје и други материјали за успехот на македонското востание. Особено се истакнува дека ќе се замоли српскиот кнез да не се „сопираат нашите Македонци во Србија да земат учество во ослободувањето на нивната татковина Македонија”. . . (чл. 193).
Во поглед на Грција е истакнато дека Востаничкиот комитет ќе ја замоли грчката влада да го помогне македонското востание со тоа што ќе го позволи испраќањето на македонски доброволечки чети од Грција. Потоа се нагласува дека грчката влада особено ќе им помогне на востаниците ако ги засили своите акции против турците во Епир и Тесалија за да привлече кон себе турски војски. Се разбира, и „македонските востаници со своите дејствија исто така ќе го помогнат ослободувањето на Епир и Тесалија”. (чл. 195, 196) ,, Македонскиот востанички комитет” пројавил интерес и за соработка со албанското револуционерно Движење. Тој си поставил за цел да ги повика на братско разбирање албанските бајрактари и народни водачи кои се залагаат за слободата на својата татковина, за нивна и наша слобода да му се придружат на македонското востание” (чл. 197).
За односот со Русија во правилата се бараат начини како да се побара од рускиот император да се заложи за подобрување на судбината на македонскиот народ. Посебно се настојува да се осигури поддршка од руската војска во Бугарија. За таа цел се предвидувало една делегација на „Македонскиот востанички комитет” да го посети „рускиот губернатор во Кнежевство Бугарија” за да го запознае со востанието и да побара,руските војски со оружје да ги помогнат македонските востаници”. Освен грижата да се прецизираат односите со заинтересираните држави и движења, особено со соседните, во Правилата посебно место е одвоено за односите со бугарската Егзархија и благотворителниот комитет”, Единство” против чијашто дејност е изразено запрепастување, негодување и спротивставување. ,,Светата бугарска Егзархија на чело со Неговото Блажество води политика повеќе од чудна, бидејќи под предлог дека се грижи за Македонците што остануваат под непосредната власт на Турците одржува тесни пријателски врски со турската влада во Цариград” и со тоа мисли дека угодувајќи им на Турците ќе се здобие со влијание врз нив и ќе може да испраќа владици во Македонија кои ќе го заштитуваат македонското население и од насилниците. Тешко му на Македонецот.
Македонскиот востанички комитет не ја одобрува таквата калпава политика која ги разедини ва народните сили и ги врзува рацете на Македонија за ослободување”. (чл. 200) Македонскиот востанички комитет сметал за потребно директно да се обрати до свештениците во Македонија и да ги повика да не ги исполнуваат наредбите на Егзархијата, да му се приклучуваат на востанатиот македонски народ до неговото ослободување, а потоа ќе се реши и црковното прашање во Македонија.
Со Правилата се предвидувало делегација на Македонскиот востанички комитет да го посети Егзархот Јосиф во Цариград и да побара од него да не му пречи на македонското востание ако не сака да го вбројат во редот на предавниците”. (чл. 202) Исто така е речено дека од Софискиот владика Милетиј, кој во улогата во спомагател на нашето македонско востание не малку штета му нанесе на делото, ќе се побара да се откаже да му помага и со тоа да не му штети на востанието”. (чл. 204). Решително отфрлувајќи им секакво право на бугарските комитети, (во прашање е комитетот “Единство”) да се распоредуваат со македонското востание, подвлекувајки дека македонските востаници се единствено повикани да решаваат за средствата и методите на својата борба за ослободување, во Правилата изречно се вели: ,,Македонскиот востанички комитет со донесувањето на овие Правила, односно македонскиот устав, изјавува дека Софискиот комитет во иднина нема никакви обврски кон македонското востание” (чл. 205) ,, Сите наредби на Софискиот централен комитет се ставени вон сила, а востанието ќе се раководи од Македонскиот востанички комитет што се наоѓа во Маке- донија”. (чл. 206)
Не се потребни големи напори за согледување и анализирање на програмските цели што во македонското востание ги следела бугарската буржоазија преку Комитетот,, Единство” и Егзархијата и тие на востаниците за да се сфатат различните позиции на двете страни.
Очигледно е, меѓутоа, дека програмскиот документ што представниците на македонското востание го изработиле е граден како резултат на здобиеното искуство, горчливите разочарувања и поуки доживеани од однесувањето спрема востанието на експонатите на големобугарската буржоазија. Се зборува дека тој е настанат во втората фаза на востанието, по крвавите пресметнување и елиминирање на авторитетните востанички раководители. Поради тоа,,Правилата на македонскиот востанички комитет”, без оглед дали биле прифатени така како што било предвидено, и без оглед на тоа колку како акт биле применети во практика, претставуваат првостепено автентично сведоштво за национално-политичката филозофија на македонските востаници дијаметрално спротивна на политиката на големобугарскиот фактор во востанието. А тоа е во исто време и потврда за причините на судрувањето меѓу двете страни кои започнале уште во самиот почеток на востанието.
Колку повеќе востанието се развивало толку повеќе доаѓале до израз настојувањата тоа да биде исклучиво инструмент во рацете на бугарската политика, а со тоа се испарувале и илузиите кај македонските востаници за вистинските намери на бугарскиот комитет, т.е. за тоа дека востанието е пред сè подигнато за ослободувањето на македонскиот народ. толку повеќе еволуирале нивните сознанија cè до соз- давањето на спомнатиот програмски документ во кој е одразена борбата за самостојност на движењето како услов за извојување на сопственото ослободување и за создавање на своја македонска држава.“