Naslovna Magazin Тамара ги избришала сите слики од Инста кај што е Мачка –...

Тамара ги избришала сите слики од Инста кај што е Мачка – eве само што останало

Кога една врска помеѓу двајца млади луѓе започнала со љубов, а потоа прераснала во семејство во кое се изродиле деца и каде се функционирало во заедница, ќе се распадне, без оглед на тоа колку и да се изговара фразата дека разводот бил спогодбен и пријателски, тоа е нешто кое го менува животот од корен на сите кои биле дел од таа заедница- ги коментира Фокус овие случувања во својот нов текст.

Секогаш, и покрај љубовта и вниманието од родителите, децата се најпогодени од ваквите животни одлуки, и речиси секое дете на разведени родители ќе ви каже дека посакувало мајката и таткото да му останат заедно и да живеат во слога.

Токму тој момент со децата го потенцираше и Тамара во изјава за ,,Убавина и здравје”, кога замоли медиумите кои трчаат по кликови, да имаат чувство на одговорност, барем пред децата.

Безгрешната критичка јавност, дури и заборавила дека во приказната главни ликови се две мали деца. „Ако се разведува, море дури и малку и е, Севе рџанка, така и треба… коментари од кои човек може да се запраша:

Каков е овој синдром и од каде доаѓа оваа омраза кон некого, кого дури и оние кои коментираат никогаш не го запознале.

Из умрена емпатија, впечаток дека оние кои фрлаат со камења имаат совршен живот и ним, ниту пак на нивните блиски никогаш не може да им се случи било каков животен неуспех и грешка“, стои во текстот кој го напишала новинарката Вики Клинчарова.

Во едно интервју за Женски магазин, кога Тамара наполнила 33 години и била бремена со второто дете, Дарен, таа добила прашање: Додека пееш, која песна интимно му ја посветуваш на сопругот, која приказна од твоите песни е за него?

– Јас сум уметник и особено во овој креативен дел вистински се обидувам да спознаам други светови и приказни. Задоволството кое го чуствувам, навистина ми дава можност да пеам за работи кои се исто така уметнички емотивен предизвик но се туѓо искуство, кое инспирира.

Во минатото не можев лесно да ги пеам песните кои не беа инспирирани од моите емотивни состојби. Денес тоа е поинаку, бидејќи чувствувам потреба да си дадам одговори за некои теми кои навистина не се дел од моето секојдневие.

За мене овој креативен исчекор е предизвикот кој ја освежува мојата работа со колегите продуценти и текстописци. Инаку и да немам песна посветено на Мачка, на него мислам секогаш кога пеам“, рекла Тамара за сопругот.

Тамара ги избришала сите слики од Мачка на нејзиниот Инста профил, и онаа каде што му честитала годишнина, но и оние семејните од одмор и од убавите заднички моменти. Летото во 2020 година, семејството беше заедно во Турција.

На Инстаграм пејачката редовно споделуваше фотки и видеа од летните лудории на Хана и Дарен, кои уживаа во забавата на базен и на плажа, а објави и една семејна со сопругот Александар Димитровски-Мачка и двете деца.

Оние слики каде што бил нејзиниот сопруг, веќе ги нема на Инста кај Тамара. Профилот на Мачка пак е затворен и не е достапен за јавноста.

На профилот на Тамара, има уште слики од свадбата со Александар, но тие се со внукот Вук, со сестра Ѝ Тијана, со мајка ѝ и со татко ѝ, и тоа е единствениот спомен кој остана од овој ден.