Kорисник на социјалните мрежи, праша дали е дозволено да се носи тегла ајвар во рачниот багаж.
-Се прашувам дали е дозволено да се носи голема тегла домашен ајвар во авион во рачен багаж со „Виз ер“? Претпоставувам дека одговорот е не, но нека одговори некој што навистина знае.
Пишува само за течности дека не смее. Ајварот не е течност. Еден странец сака да си однесе една тегла дома, па не знае што да прави, да не му ја земат“, се наведува во прашањето.
Домашната ракија и сите други домашни пијалаци (вино, овошни сирупи) не можат да се носат во авион. Ваквите производи, направени во домашни услови без декларација, се сметаат за опасни во земјите од Западна Европа.
Според законите на Европската унија, дозволено е производство на домашна ракија, но овој процес мора да се врши под строг надзор на експерти и овластени лица.
Исто така, треба да биде во согласност со стандардните процедури, кои на овие производи им даваат декларација и подоцна може да се пренесат во странство со авион.
Доколку се работи за претходно купен пијалак, може да се спакува само во чекираниот багаж, но треба да бидете внимателни бидејќи ракувањето со багажот може да предизвика излевање и оште тување на други работи, се наведува на веб-страницата „aerogaga“.
Одговорот на сомнежот наречен „ајвар во авион – да или не“ може да се најде во следниве правила:
Строго е забрането внесување храна и пијалаци во патничката кабина. Рачниот багаж не смее да содржи кремови, пиперки, сарма, кисела зелка, сувомеснати производи (сланина, пршута, шунка…)
Храната во тегли може да се носи во рачниот багаж само доколку е купена во „фри шоп“ и доколку содржи задолжителна декларација која ја даваат на каса, сметка и е спакувана во затворена оригинална торба од „фри шоп“.
Намирниците во тегли од домашно производство не можат да се носат во рачен багаж.
Производите во тегли (ајвар, џем, мед, слатки) може да се носат, но под одредени услови. Овие производи од домашно производство нема да можете да ги внесете во авионот без декларација за потекло.
Само декларирани и неотворени производи може да се пакуваат во чекиран багаж.