Naslovna Magazin Нејзината цена во дијаспората е поевтина отколку дома – еве колку „кошта“...

Нејзината цена во дијаспората е поевтина отколку дома – еве колку „кошта“ Северина

Во 2004 година, Северина го издаде албумот „Севергрин“, кој ги вклучуваше сингловите „Хрватица“ и „Адам и Севе“. Во 2005 година, Сева се заљуби во тогашниот 26-годишниот претприемач Мато Шуjак, а тие раскинаа по нешто повеќе од една година врска и свршувачка.

Сплиќанката еднаш рече дека тие раскинале човечки и дека виновникот за нивното разидување не е трето лице.

Во летото 2008 година, Северина започна врска со поранешниот келнер и претприемач Славко Шајиновиќ, и парот се вери. Почнаа да градат трикатна куќа над Ичиќи, а веќе го испланираа и распоредот на собите.

По две и пол години врска, Северина го напушти поради „српскиот крал на бакарот“ Милан Поповиќ, во кого се за вљуби додека му пееше на неговата роденденска забава.

Кон крајот на 2011 година, таа го објави својот единаесетти албум „Добредојдовте во клубот“, а следната година стана мајка. Една година подоцна, нејзината врска со Поповиќ „се распадна“.

Во Македонија, во 2014 година, ја освои наградата за најдобра пејачка во регионот, за најдобар албум на годината и за најдобра регионална турнеја.

Во ноември истата година, таа се омажи за поранешниот фудбалер, сега фудбалски менаџер Игор Којиќ, син на прославениот српски фолкер Драган Којиќ – Кеба.

Северина и Игор беа во брак шест години. Се венчаа во црква во Истарски Бали во септември 2015 година во кругот на семејството и пријателите, а во матичната служба еден месец подоцна во Белград, пред околу 600-тини званици.

Договорија развод, кој го завршија неодамна, во судот во Загреб, пет дена по поднесување на барањето, откако претходно не живееја заедно една и пол година.

Познато е дека големите Балкански музички имиња се добро платени на своите настапи. Тие полнат дискотеки, клубови, некои и стадиони.

Меѓу нив секако е и Северина, која несомнено со години е на самиот врв кога станува збор за популарноста.

Според 24 сата, вообичаената цена на нејзиниот клупски концерт е 20.000 евра, но заработува трипати повеќе на настани.

Некогаш пее и за 5.000 евра некаде во дијаспората, ако процени дека нејзиното запознавање и контакт со сопственикот на клубот ќе и донесат неколку нови и поскапи свирки.

Според истиот сајт, заедничко за сите големи балкански музички имиња е дека тие немаат некаков „официјален“ ценовник, тие се огледуваат едни со други и формираат цени.

Сепак, скоро и да нема такви кои некогаш собрале милиони за една година. И по соодветна цена можно е да ги вработите во скоро секоја пригода.